Достапни линкови

Египет прогласи вонредна состојба во Синај


Египет прогласи тримесечна вонредна состојба во делови од северен Синај. Потегот доаѓа откако во два напада вчера беа убиени 33 припадници на безбедносните сили. Според аналитичарите се работи за најкрвавото антидржавно насилство откако лани исламистичкиот претседател Мохамед Морси беше тргнат од власт.
Властите соопштија дека прво 30 лица биле убиени во напад во областа ал-Кароуба, а неколку часа подоцна бил отворен оган и на контролен пукнт во друга област и биле убиени три лица. Засега никој не ја презема одговорноста за нападите.

XS
SM
MD
LG