Достапни линкови

ЕУ одобри повеќе пари за борба против ебола


Лидерите на Европската унија денеска се согласија да ја зголемат помошта за борба против еболата во Западна Африка, на 1,26 милијарди долари. Претседателот на ЕУ Херман Ван Румпуј на Твитер соопшти за новата финансиска помош за која одлучиле лидерите на ЕУ на самитот во Брисел. Во меѓувреме американски доктор кој се вратил во Њујорк од работа со пациенти заразени со ебола во Западна Африка, по тестирањето се покажало дека е позитивен на ебола, што е првиот случај во тој град.

Во Африка, пак, Мали стана шестата африканска земја која е погодена од ебола. Власите вчера соопштија дека едно двегодишно девојче е позитивно на ебола откако се вратило од патување во Гвинеја.

XS
SM
MD
LG