Достапни линкови

ОН: нападот врз језидите, обид за геноцид


Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Симоновиќ

Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Симоновиќ

Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Симоновиќ изјави дека постоеле силни докази оти нападот на милитантната група Исламска држава врз верското малцинство језиди во Ирак бил обид за геноцид. Тој ова го изјави по еднонеделната посета на Ирак каде што разговарал со десетици членови на ова верско малцинство. Според него, притоа биле убиени, живи закопани или продадени како робови илјадници језиди. Се проценува дека илјадници други биле принудени да ја сменат верата. Милитантите на Исламската држава на језидите гледаат како на поклоненици на ѓаволот. Американскиот претседател Барак Обама во август годинава нареди воздушни напади во Ирак за да се спречи геноцидот врз језидите.

XS
SM
MD
LG