Достапни линкови

logo-print

Младинско (не)учество


Мартин Николовски, волонтер во МОФ.

Мартин Николовски, волонтер во МОФ.

Од секогаш сум земал учество во активности за млади и навистина тоа ми помага да учам работи кои досега не сум ги знаел. Но, скоро на сите обуки и тренинзи на кои досега сум земал учество, постојано ги гледам истите луѓе. Зошто е тоа така? Дали младите се недоволно информирани, или, пак, се незаинтересирани да учествуваат?, пишува младинскиот активист Мартин Николовски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Секојдневно ги слушам изјавите: „Младите не можат. Не се доволно зрели. Младите не смеат, кој ги слуша нив, колку се подготвени тие?“ Често овие зборови ги слушаме од демотиваторите кои всушност треба да ги мотивираат младите и да им дадат шанса да ги искажат своите способности и колку се подготвени да направат нешто.

Од секогаш сум земал учество во активности за млади и навистина тоа ми помага да учам работи кои досега не сум ги знаел. Но, скоро на сите обуки и тренинзи на кои досега сум земал учество, постојано ги гледам истите луѓе. Зошто е тоа така? Дали младите се недоволно информирани, или, пак, се незаинтересирани да учествуваат?

Образованието денеска, кое со новитетите како и проектите кои се спроведуваат во основите и средните училишта, e со единствена цел, а тоа е подобрување на наставата, полека, но сигурно им го одзема слободниот простор на учениците кои го користеа за креативно изразување и креирање на активности од младите за младите.

Често си ги поставувам прашањата: „Како младите се борат за своите права и дали воопшто се свесни за нив?“. „Колку младите земаат учество при донесување на одлуки кои ги засегаат токму ним, како и тоа дали некогаш учествувале во креирање и реализација на одреден проект?“. Од секогаш сум земал учество во активности за млади и навистина тоа ми помага да учам работи кои досега не сум ги знаел. Но, скоро на сите обуки и тренинзи на кои досега сум земал учество, постојано ги гледам истите луѓе. Зошто е тоа така? Дали младите се недоволно информирани, или, пак, се незаинтересирани да учествуваат?

Младинското учество како форма, иако сè уште постои, сепак би го нарекол младинско (не)учество затоа што малкумина и го практикуваат истото. Тоа промовира активност кај граѓаните и го зајакнува капацитетот на заедницата, но е недоволно застапено.

Повеќе од јасен е фактот дека е демократски да им се даде право на младите луѓе да бидат вклучени во донесувањето на одлуки преку овозможување на место за младите луѓе во процесот на донесување на одлуки. Со тоа се гради поцврста основа за граѓанска вклученост и се создаваат посилни заедници.

Кога младите луѓе се активни партнери во проекти и програми кои стремат кон градење на благосостојбата на самата заедница, младите луѓе и заедниците заедно имаат корист. Младинското учество е потребно за да се развие поголема активност од страна на граѓаните, бидејќи ги балансира социјалните права на младите луѓе со нивните обврски.

Еден од начините за младинско учество, кој го практикуваат учениците во Македонија е младинското здружување. Иако постои и го има во секој статут на секое училиште во Македонија, сепак недоволно се применува. Според истражувањето кое го направи Младинскиот образовен форум од Скопје и „Реактор“ во 2010 година на тема: „Капитулација, конфузија или отпор – Социјалниот капитал на македонските средношколци“, 70 отсто од испитаните средношколци не се запознаени дали има средношколско организирање во нивните училишта, додека, пак, 81 отсто никогаш не учествувале во избор на Средношколска унија.

Како предности на оние луѓе, или млади кои членуваат во Организации за млади или Младински организации добиваат многу шанси за надополнување на своите знаења, за учество во проекти, подобро осознавање на некој начин на светот и на политиките кои се спроведуваат во државите, повеќе вештини за комуникација како и голема предност а и можност за побрзо пронаоѓање на работа, а воедно и вработување.

Сепак, мора да се напомене дека младинското учество и младинското здружување имаат големи придобивки. Имено, преку младинското учество и младинското здружување, учениците добиваат спектар на нови можности меѓу кои зајакнување на капацитетите кај средношколците, овозможување на неформално образование (тренинг, обука и развој на вештини кај учениците, зголемен ангажман, вклучување во процесот на донесување на одлуки како и промоција на плурализам во средношколското здружување и организирање).

Често медиумите, но и останати институции и невладини организации, информираат за недоволно познавање на правата на луѓето. Меѓутоа, јас, не го делам истото мислење со нив. Кога станува збор за правата на средношколците можам слободно да кажам дека средношколците се информирани во најголем процент за своите права, ги знаат и имаат чувство за праведност и секако дека од повеќе им е јасен системот како функционира правна држава. Имаат слух за детекција на прекршување на правата како и неправдите и често се критички настроени кон општествените процеси и своето место во општеството.

Како предности на оние луѓе, или млади кои членуваат во Организации за млади или Младински организации добиваат многу шанси за надополнување на своите знаења, за учество во проекти, подобро осознавање на некој начин на светот и на политиките кои се спроведуваат во државите, повеќе вештини за комуникација како и голема предност а и можност за побрзо пронаоѓање на работа, а воедно и вработување.

Воопшто не го оправдувам фактот што младите денес во најголем процент се без работа и сè уште се зависни од своите родители, наместо да се искористат шансите од Европските фондови, да се практикува волонтеризмот, како и да се биде дел од некоја невладина организација која што и тоа како ќе ја замени „здодевноста “ со корисна работа.

На крај, би сакал да упатам еден апел до сите: „Помагајте им на младите, поддржувајте ги и вклучувајте ги во процесот на донесување одлуки, вложувајте во нив бидејќи светот им преостанува токму ним!“

XS
SM
MD
LG