Достапни линкови

Нови случаи на детска парализа во Пакистан


Здравствените власти во Пакистан соопштија дека се регистрирани 15 нови случаи на детска парализа, со што вкупниот број на нови случаи оваа година е на рекордно високо ниво од 202. Најлоша година за оваа болест во Пакистан беше 2001 година, кога беа регистрирани 199 нови случаи. Сите нови заболени се од Северен Вазиристан, племенскиот регион кој граничи со Авганистан. Од Пакистанскиот институт за здравство соопштија дека е невозможно да се започне кампања за искоренување на оваа болест во регионот поради заканите од исламските милитанти. Пакистан е една од трите земји каде детската парализа е ендемична. Притисокот од милитантите против вакцинација се зголеми откако беше откриено дека пакистански лекар, понудил програма за вакцинации против хепатит во северозападниот град Аботабад. Програмата беше покритие за обидот на ЦИА да се добијат примероци од ДНК од децата на локалното население каде Осама бин Ладен беше убиен за време на рацијата од страна на американската морнарица во 2011 година.

XS
SM
MD
LG