Достапни линкови

logo-print

Комисијата за жалби за заштита од непрофесионални медиуми


Комисијата ќе почне да разгледува поплаки од граѓани кои сметаат дека одредени новинарски текстови или телевизиски прилози се непрофесионални.

По девет месеци од формирањето на Советот за етика на медиумите во Македонија, неговите членови го најавија стартот на работота на нивното клучно тело, Комисијата за жалби која има задача да ја штити јавноста и граѓаните од медиумите и новинарите кои не ги почитуваат професионалните стандарди.

Имаме шанса да ги да се обидеме да ги заштитиме граѓаните и јавноста од непрофесионалните новинари и медиуми. Да им помогнеме сопствениците на медиумите да плаќаат големи казни поради непрофесионалниот новинарски и уреднички кадар.

Комисијата составена од новинари, преставници на медиуми и невладини организации, од 16 октомви оваа година, ќе почне да разгледува поплаки од граѓани кои сметаат дека одредени новинарски текстови или телевизиски прилози не се напишани во согласност со Кодексот на новинарите и професионалните начела.

„Имаме шанса да ги да се обидеме да ги заштитиме граѓаните и јавноста од непрофесионалните новинари и медиуми. Да им помогнеме сопствениците на медиумите да плаќаат големи казни поради непрофесионалниот новинарски и уреднички кадар и да си помогнеме себеси и на новинарската заедница со јавна осуда на оние кои не водат грижа за етиката во новинарството“, соопшти претседателот на комисијата Мирче Адамчевски.

Во оваа држава граѓанинит веќе одамна не е добро информиран. Не е проблем само тоа што новинарите се соочуваат со тешкотии во својата работа. Што да правиме со тоа што граѓаните имаат недостик од квалитетна и вистинска информација?

Адамчевски објаснува дека Комисијата ќе има рок од еден месец да одлучува дали е надлежна за поднесената жалба, а потоа дали медиумот ги прекршил професионалните стандарди. Доколку постои прекршување, Советот ќе бара од медиумот да ја објави нивната одлука. Адамчевски вели дека Комисијата ќе разгледувани и жалби против медиуми кои не се членови на Советот за етика во медиумите.

„Ваквата цел некој ќе ја нарече донкихотовска, но тоа не ни дава за право да не се обидеме да направиме чекор во насока да ги одвоиме професионалците од непрофесионалците. Знам дека кај нас во моментов нема амбиент за таков чекор, но што ако се седи со скрстени раце? Тоа им одговара на оние кои го создаваат тој амбиент! Затоа веќе еднаш треба да се почне.“

Со оглед на состојбата во која се наоѓаат медиумите во Македонијна, членовите на Советот за етика со ентузијазам очекуваат добри резултати од работата на Комисијата. Новинарката Катарина Синадиновска која е член на Управниот одбор на Советот, посочува дека новинарската фела треба повеќе да се фокусира кон правото на граѓаните да бидат добро и квалитетно информирани.

„Во оваа држава граѓанинит веќе одамна не е добро информиран. Не е проблем само тоа што новинарите се соочуваат со тешкотии во својата работа. Што да правиме со тоа што граѓаните имаат недостик од квалитетна и вистинска информација? Граѓаните треба да станат свесни дека ова тело пред се е тука да ги штити нивнита права и на тој начин треба да се подигнат стандардите во нашата работа.“

Адамчевски додава дека резултати не може да се очекуваат веднаш, но важно е да почне да работи тело кое се грижи за етиката и професионалното новинарство.

„Ќе го наведам примерот со босанскиот Совет за етика. Тие во првата година имале само пет до шест жалби, но сега годишно добиваат над 150 жалби. Ние очекуваме постепено јавноста да стекне доверба во нас и со тоа ќе постигнеме ефект во општеството и во медиумската сфера.“

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG