Достапни линкови

Прекината конститутивната седница на косовското собрание


Иса Мустафа

Иса Мустафа

Пратениците во косовското собрание денеска не го избраа кандидатот на Демократската партија на Косово Арсим Бајрами за претседател на собранието. За него гласаа 44 пратеници, 61 беа против, а 11 гласаа воздржано. Според Уставниот суд, претседавачот на седницата Фљора Бровина ја прекина седницата и објави дека таа ќе се одржи во наредните денови. Оваа седница почна на 17 јули кога за претседател на собранието беше избран претседателот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа. Но, Уставниот суд на Косово ја поништи таа одлука со образложение дека само најсилната пртедизборна партија, во овој случај Демократската партија на Косово, може да предложи претседател на парламентот.

XS
SM
MD
LG