Достапни линкови

САД не ги признаваат изборите во Крим


САД соопштија дека Вашингтон нема да ја признае легитимноста на изборите одржани за време на викендот во Крим, кој беше анектиран од Русија во март годинава. На вчерашниот брифинг во Вашингтон, портпаролката на Стејт департментот Мари Харф ја повика Русија да му го врати на Крим неговиот полноправен статус како дел на Украина.

Таа исто така ја изрази загриженоста на САД во врска со извештаите дека украинските граѓани во Крим се принудувани да се откажат од нивните украински пасоши и да извадат руски.

XS
SM
MD
LG