Достапни линкови

logo-print

Груевски-СДСМ прави штета на државата


СДСМ влече потези со кои прави штета на државата. Tреба да ги отворат очите и меѓу себе да разговараат колку тие се во корист на државата или државнички, колку не се, рече премиерот Никола Груевски денеска во врска со реакцијата на опозициската СДСМ за пораките од неговиот говор вчера во Пелинце.

- Со излегување од Парламентот за причини кои се измислени од нив, СДСМ прави штета на државата и тоа е тоа што можеме да кажеме дека има отсуство на државност. Заради некои лични цели, заради некои приватни цели - да остане на оваа или на онаа функција, заради внатрешни препукувања и кој е потврд - едната или другата струја. Од дрвото не ја гледаат шумата. Прават штета на целата држава- рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.

На вчерашниот говор на премиерот реагираше СДСМ со соопштение во кое тие изразија подготвеност за разговори и дијалог, но оценија и дека ако Груевски смета дека барањата за обезбедување на фер и демократски избори се неразумни, договор немало да има.

Според нив со ваквата изјава на историски ден за македонската држава, Груевски покажал дека нема основно чувство за државност.

XS
SM
MD
LG