Достапни линкови

Домашнииот авиопревозник не мора да е домашен


Илустрација.

Илустрација.

Примерот со влегувањето на Етихад во Ер Србија покажува дека има интерес за регионот и можно е да се очекува и некоја од бренд компаниите од регионот да пројават интерес за владината иницијатива, вели директорот на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Отворањето на национална авиокомпанија не значи дека ќе се трошат буџетски пари вели директорот на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Би било добро да има домашна компанија, во која форма би се формирала и од кого, тоа е друго прашање, но примерот со влегувањето на Етихад во Ер Србија покажува дека има интерес за регионот.

„Би било добро да има домашна компанија, во која форма би се формирала и од кого, тоа е друго прашање, но примерот со влегувањето на Етихад во Ер Србија покажува дека има интерес за регионот и можно е да се очекува и некоја од бренд компаниите од регионот да пројават интерес за владината иницијатива, за што силна поддршка има и од ТАВ“, вели тој.

Србите имаат национална авиокомпанија, меѓутоа капиталот е од Обединетите Арапски Емирати. Во Македонија во минатото имавме неколку авиокомпании и сите пропаѓаа поради низа ограничувачки фактори. Крстевски вели дека сега ситуацијата е поинаква.

Искуството ни кажува дека македонскиот пазар не може да биде самоодржлив во авиопревозот и ќе треба да има интервенција од државата за тој да опстане.

„Во минатото прописите во однос на слободите на летање во Европа беа многу ограничувачки, односно беа само на билатерална основа, а сега, со пристапувањето на т.н. опен скај договор, односно отворено небо, сите можности за комерцијално работење на кој било простор се зголемени“, вели тој.

Крстевски дополнува дека свој добар придонес за развој на авио-сообраќајот даваат т.н ниско тарифни авиокомпании кои создаваат предуслови и сервисите кои во редовна линија летаат да можат да дадат конкурентни цени и на тој начин да може да го одржат пазарот.

Меѓутоа некои економисти сметаат дека ниско буџетните компании се економски поиздржливи со оглед на сегашната ситуација во Македонија.

„Во моментов на Македонија не ѝ треба, затоа што тоа повеќе ќе се злоупотреби отколку што ќе имаат корист и државата и граѓаните, затоа што сепак ќе мора да има поддршка од државата, пазарот е мал. Искуството ни кажува дека македонскиот пазар не може да биде самоодржлив во авиопревозот и ќе треба да има интервенција од државата за тој да опстане“, вели професор Биљал Касами.

Деновиве Владата одлучи дека Македонија повторно ќе бара национален авиопревозник, а според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во наредниот период ќе го испитува интересот кај меѓународни светски авиокомпании да воспостават своја база во земјава.

Ова барање неодамна во Истанбул го потенцираше и првиот човек на „ТАВ холдинг“. Тој смета дека за дополнително да се развие аеродромот „Александар Велики“ е неопходно Македонија да има национален авиопревозник.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG