Достапни линкови

Аеродромот „Александар Велики“ со нов лик


Реновираниот скопски аеродром „Александар Велики“.

Реновираниот скопски аеродром „Александар Велики“.

Пред прославата на независноста, пуштање во употреба на реконструираниот Аеродром „Александар Велики“.

Се пушта во употреба реконструираниот Аеродром, Александар Велики, во Скопје на два дена пред прославата на 20-годишнината од референдумот за независност на Македонија.

Денеска почнуваат да сообраќаат и новите 68 кинески двокатни ретро автобуси кои бесплатно ќе ги превезат заинтересираните граѓани на свеченото отворање на аеродромската зграда. Автобусите поаѓаат од спортската сала Борис Трајковски. Конвојот ќе го предводи панорамски двокатен автобус. На сите автобуси е поставено логото „Дваесет години независна Македонија“.
Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот и очекуваат да стане балкански транспортен центар
x
Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот и очекуваат да стане балкански транспортен центар


Во скопскиот аеродрoм, кој „ТАВ Аеродроми“ го презеде во март минатата година и со него ќе управува до март 2030 година, турската компанијата вложи 100 милиони евра. Турците го зголемија капацитетот на аеродромот на 4 милиони патници годишно, ја проширија пистата, како и карго делот и паркинг просторот. Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот и очекуваат да стане балкански транспортен центар.
Лично мислам дека ова е задоцнета надеж, најмалку десет години бидејќи таа бројка ние ја постигнавме 1999 година на аеродромот, но од тогаш тоа беше запоставено и денеска таа бројка е преполовена и се оди на постојано намалување, затоа што се зајакнаа алтернативните аеродроми.
Од скопскиот аеродром годишно се превезуваат околу 700 илјади патници. Раководството на аеродромот најавува дека целта им е да достигнат 1 милион патници годишно за многу скоро време и се надеваат дека во следните години таа бројка ќе достигне до 3,5 милиони патници годишно.

Поранешниот министер за транспорт и врски, универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети не го дели оптимизмот на турскиот инвеститор.

„Лично мислам дека ова е задоцнета надеж, најмалку десет години бидејќи таа бројка ние ја постигнавме 1999 година на аеродромот, но од тогаш тоа беше запоставено и денеска таа бројка е преполовена и се оди на постојано намалување, затоа што се зајакнаа алтернативните аеродроми пред се приштинскиот, тиранскиот, па и софискиот аеродром. Така што мислам дека тоа е илузија, да го вратиме изгубениот пазар треба двојно повеќе напори отколку што вообичаено било да се задржи тој пазар.“

РСЕ: Како го изгубивме, како стигнавме до тоа?


„Запоставени инвестиции. Вие знаете дека нашиот аеродром е селски аеродром, не се модернизира, со поставување на една глава на Александар Велики. Сега е доцна.“

Поранешниот министер за транспорт и врски, Димитар Бузлевски, пак, само кусо прокоментира дека Македонија одамна немала „асолен“ министер во овој ресор.
Раководството на аеродромот најавува дека целта им е да достигнат 1 милион патници годишно.

Раководството на скопскиот аеродром најавува дека ќе се обиде, преку добриот однос со Туркиш ерлајнс, да го поврзе Скопје со сите главни градови.

На свеченото отворање е најавено дека ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претседателот на одборот на „ТАВ Аеродроми“, Хамди Акин и генералниот директор на „ТАВ Аеродроми“, Сани Шенер, информираат од „ТАВ Aеродроми“.

Минатата година туркста компанија го реновира и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авио оператори во светот. Управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. Во 2010 година компанијата обезбедила услуги за околу 420.000 летови и за околу 48 милиони патници.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG