Достапни линкови

logo-print

Охрид ги чека холандските туристи


Холандската амбасадорка Симоне Филипини и холандски гости на прославата на Денот на Холандската кралица во Охрид минатиот викенд

Холандската амбасадорка Симоне Филипини и холандски гости на прославата на Денот на Холандската кралица во Охрид минатиот викенд

Летово се очекува над 10 илјади холандски туристи да летуваат на крајбрежјето на Охридското Езеро, а првата група пристигнува викендов.

Свечено, со македонските традиции и обичаи, прво на охридскиот аеродром, па во Холандскиот Парк и потоа со забава на крајбрежјето, овој петок на шести мај, на охридската ривиера ќе биде пречекана првата група со околу 200 холандски туристи, кои доаѓајќи со чартер авио лет од Амстердам во Охрид, ќе бидат почеток на холандската инвазија, со која ова лето на крајбрежјето се очекува да гостуваат повеќе од 10 илјади холандски туристи.
Холанѓаните најмногу покрај гостопримството, ја истакнуваат нашата вкусна храна, Македонската кујна и посебно некои специјалитети од Охридскиот регион.
Со претходен закуп на аранжманите во охридско-струшките хотели, преку тур оператот „Корендон Интренешенл“ се очекува со неколку чартери неделно, во Охрид до октомври да пристигнуваат по 500 Холанѓани, за кои градот е подготвен да ги прими и угости во стилот на старото охридско-холандско пријателство, што по 70-тите и 80-те златни години за овој туризам, по повеќегодишна пауза, сега повторно се враќа на крајбрежјето.


„Холанѓаните најмногу покрај гостопримството, ја истакнуваат нашата вкусна храна, Македонската кујна и посебно некои специјалитети од Охридскиот регион. Исто така, Холанѓаните се воодушевени од нашето културно наследство и природното богатство. Тие доаѓаат од територија нешто поголема од Македонија, на која живеат околу 18 милиони жители и Охрид им е интересен со различната природна убавина, како едно совршенство рајско место, на што треба да се поработи од аспект на избегнување на масовниот туризам и овозможување на изградување на културниот и другите
Ние имаме фиксен закуп за 170-тина дена, што значи најважно е дека тука ќе имаме присутни луѓе, кои не се врзани исклучиво за престојот во хотелот, туку договорите се за ноќевање со појадок, па ќе има некакво раздвижување на тие гости и некаква екстра потрошувачка.
селективни видови туризам. Во менталитетот на Холанѓаните се и посетите на локалното население, за што тие многу се интересираат за целата атмосфера од домашната култура во урбаните и селски средини. Тие сакаат да го доживеат Охрид со сета негова убавина, но исто ќе им бидат интересни и прошетките во руралните средини со сета природна убавина“, вели Антонио Балески од секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид.

„Се работи за она што секогаш ни била цел, да имаме сезона од пет до шест месеци. Тоа го постигнавме со договорот со ’Корендон‘ и нашата ’Фибула‘. Ние имаме фиксен закуп за 170-тина дена, што значи најважно е дека тука ќе имаме присутни луѓе, кои не се врзани исклучиво за престојот во хотелот, туку договорите се за ноќевање со појадок, па ќе има некакво раздвижување на тие гости и некаква екстра потрошувачка“, вели Дончо Танески, Охридски хотелиер, претседател на ХОТАМ.

Тој очекува со Холандските туристи Охрид да има поуспешна летна сезона од претходната и овој тренд да продолжи идните години. Останува хотелиерите, угостителите, Охриѓани, Стружани, и жителите на останатите туристички центри опфатени со екскурзиите, кои во правата тура ќе бидат снимани и од Холанските медиуми, да ја оправдаат довербата на старите пријатели, но и новите генерации Холанѓани, кои минатиот век Охрид го открија со магичната книга "Свадбата на седумте цигани" од авторот А Ден Долард и сега во новиот век да видат убава приказна за нашето поднебје, од што корист ќе има Македонскиот туризам и целата заедница воопшто.
XS
SM
MD
LG