Достапни линкови

Либија-САД да го предадат осомничениот за нападот во Бенгази


Крис Стивенс

Крис Стивенс

Либиските власти испратија барање до САД да им го предадат осомничениот за нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во 2012 година, при кој загинаа 4 лица, меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс. Министерството за правда соопшти дека издало налог за апсење на Ахмед Абу Хаталах, но дека не можат да постапат по него поради нестабилната безбедносна ситуација во земјата.
На осомничениот, како што е наведено треба да му се суди во Либија, според законите на земјата. Американските безбедносни сили го фатија Хаталах во Бенгази на 15 јуни, по што го транспортираа во САД.
XS
SM
MD
LG