Достапни линкови

Исламабад против укинувањето на забраната за патување на Мушараф


Пакистанската влада веќе има поднесено жалба до Врховниот суд да ја укине одлуката за укинување на забраната за патување на поранешниот воен владетел Первез Мушараф. Овој потег доаѓа откако судот во јужниот град Карачи донесе одлика името на Мушараф да се тргне од црната листа. Седумдесет годишниот Мушараф, отпатува за Карачи во април поради медицински испитувања.Тој побара да се укине забраната за патување за да може да ја посетите неговата болна мајка во Дубаи. Мушараф беше обвинет за предавство во март поради наметнување на вонредна состојба во 2007 година.
XS
SM
MD
LG