Достапни линкови

Додик: Наша цел е осамостојување


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека единствен начин Србите во Босна и Херцеговина да го зачуваат својот национален идентитет е и натаму да ја зајакнуваат автономијата на тој ентитет се до целосното осамостојување.

- Оваа БиХ, која се одржува со сила од меѓународната заедница не е можна, е нефункционална и е трагикомична држава и препрека за нормален и подобар живот за сите нејзини граѓани. Затоа борбата за самостојност на РС е наша најважна задача, изјави тој во интервју за „Вечерње новости“.

Тој призна дека во моментов не постои меѓународна поддршка за осамостојување на РС, но нагласи дека тоа не значи дека РС мора да молчи.

Примерот на Косово говори многу. Можно е светот да го промени ставот и за БиХ, рече Додик.
XS
SM
MD
LG