Достапни линкови

Американски турист уапсен во Северна Кореја


Илустрација.

Илустрација.

Државните медиуми во Северна Кореја објавија дека американски турист е уапсен под обвинение за прекршување на визните прописи. Државната севернокорејска новинска агенција денеска објави дека американскиот државјанин влегол во земјата на 29 април и подоцна спровел „активности несоодветни на неговата туристичка виза“. Претходно, јапонската новинска агенција Кјодо објави дека американски државјанин е притворен во Северна Кореја во мај, со што бројот на Американци во севернокорејски затвори достигна тројца луѓе.
XS
SM
MD
LG