Достапни линкови

logo-print

Серија напади во Багдад - над 20 загинати


Во бранот напади во Багдад денеска, според официјални извори, загинаа над 20 луѓе. Во најкрвавиот напад, бомбаш-самоубиец уби најмалку 19 луѓе, а рани 30 на влезот во шиитска џамија во централниот дел на Багдад.

Бомби експлодираа и во багдадските квартови Садр Сити и Дура, при што загинаа најмалку две лица, а беа повредени неколку.

Никој веднаш ја презеде одговорноста за нападите. Обединетите нации соопштија дека во насилствата во Ирак минатата година загинаа 8.900 луѓе.
XS
SM
MD
LG