Достапни линкови

СДСМ - Владата да ја смири ситуацијата во Ѓорче Петров


.

.

СДСМ денеска побара од Владата да ја смири ситуацијата во скопската општина Ѓорче Петров која настана по убиството на 18-годишниот Ангел Петковски.

„Загубата на овој млад човечки живот е трагична и ненадоместлива за родителите, но голема загуба и за општина Ѓорче Петров, и за Град Скопје, и за Република Македонија“, изјави на прес-конференција генералниот секретар Оливер Спасовски.

Осврнувајќи се на вчерашниот протест, Спасовски обвини дека полицијата применила сила врз жени и деца, а на новинарските екипи им бил одземен и избришан фото и видео материјал.

Од СДСМ прашуваат зошто институциите на системот со месеци не реагирале на жалбите од граѓаните дека имаат проблеми со кражби и дали 18-годишното момче е жртва, на како што велат, нефункционалниот партиски систем.
XS
SM
MD
LG