Достапни линкови

Меѓуетнички тензии поради незадоволство на граѓаните


Атмосферата во Ѓорче Петров по убиството на матурантот Ангел.

Атмосферата во Ѓорче Петров по убиството на матурантот Ангел.

Во услови кога постои многу низок праг на меѓуетничка толеранција и во услови кога политичките партии ги користат меѓуетничките односи за воспоставување на своето владеење, многу е веројатно дека многу лесно ќе дојде до избувнување на тој анимозитет на површина, велат експертите.

Тоа што го видовме вчера е последица на едно долготрајно негување на говор на омраза и поделби по сите основи, посочуваат експертите. Во услови кога постои многу низок праг на меѓуетничка толеранција и во услови кога политичките партии ги користат меѓуетничките односи за воспоставување на своето владеење, многу е веројатно дека многу лесно ќе дојде до избувнување на тој анимозитет на површина. Вчерашните настани во Ѓорче Петров, посочуваат експертите се слика на една длабоко заболена политичка состојба од која за жал дел од луѓето излез гледаат преку насилството.
Покажува и недоверба во власта, покажува недоверба во полицијата, и на виделина ги исфрла сите оние негативни алтернативи кои што стојат пред една заедница.

„Овој случај не е показател само за она што претставува неверојатно низок праг на меѓуетничка толеранција. Покажува и недоверба во власта, покажува недоверба во полицијата, и на виделина ги исфрла сите оние негативни алтернативи кои што стојат пред една заедница“, вели проферо Мирјана Најчевска. Џабир Дерала, Цивил.

Џабир Дерала, Цивил.



„Вие имате ситуација на убиство во кое има и свирепост, во кое се забележува една крајна сиромаштија и беда, воедно имате инволвирано и оружје, значи имате култ кон оружјето во општеството, очигледно е многу канцерозна таа состојба“, вели претседателот на невладината Цивил Џабир Дерала.
имате култ кон оружјето во општеството, очигледно е многу канцерозна таа состојба.

Тензичната вечер во скопската населба населена со етнички мешано население Најчевска ја гледа како производ на севкупното незадоволство на граѓаните во Македонија од социјалната положба, одбраната на човековите права но и на сеуште незаборавените пораки од предизборната кампања.

„Да освоиме толку и толку пратенички места за да не може да бидеме уценувани. Тоа значи дека на другата страна има криминалци кои што не држат во заложништво, овој свет би бил многу поубав според тоа без постоењето на таа друга етничка заедница.“

Невладината Цивил упати апел до граѓаните да се воздржат од секакви меѓуетнички тензии и да им препуштат на институциите да се справат со ситуацијата. Но нашиот апел го упатуваме најмногу до центрите на моќ и на централно и на локално ниво, посочува претседателот на оваа организација, Џабир Дерала.

Сите овие состојби можат да бидат ставени под контрола, освен ако некому не му одговараат,

„За да може да ја избегне одговорноста за другите состојби кои што се очигледни во државата“, порачува Дерала.
XS
SM
MD
LG