Достапни линкови

Цивил бара воздржаност по убиството во Ѓорче Петров


Организацијата „Цивил“ апелира граѓаните да се воздржат од секакви меѓуетнички тензии по убиството на младиот А.П. од Ѓорче Петров и да ѝ препуштат на полицијата да ја заврши професионално својата работа.
„Изразуваме жалење и сочувство до семејството за смртта на младото момче. Сметаме дека во овој момент е најважно лицето што го сторило убиството да биде изведено пред лицето на правдата согласно законите. Секое предизвикување тензии, особено на меѓуетничка основа, можат да го загрозат овој процес и да доведат до дополнителни ескалации на случувањата“
Цивил бара да се почитуваат законите и пресумпцијата на невиност и да не се објавува името на осомниченото лице. Цивил го осудува непрофесионалното и тенденциозно известување на дел медиуми кои го објавија името и етничката припадност на осомничениот, која е сосема ирелевантна за немилиот настан. Известувањето каде што како најважна информација се пласира различната припадност на жртвата и осомничениот убиец може да поттикне нов бран на етничко мотивирано насилство.
XS
SM
MD
LG