Достапни линкови

Почнува филмскиот фестивал во Кан


Во Кан, Франција, денеска почнува филмскиот фестивал, кој ќе трае во наредните 12 дена. 18 филма се во конкуренција за Златната палма, меѓу кои и филмот Левиатан на рускиот режисер Андреј Звигјанцев. На Канскиот фестивал ќе биде одбележана и 50 годишнината од шпагети вестернот За шака долари, а специјален гостин ќе биде Квентин Тарантино. Контроверзи на фестивалот предизвикува филмот Грејс од Монако, посветен на принцезата од Монако Грејс Кели, со Никол Кидман во главна улога, за кој кралското семејство и други личности сметаат дека не го одразува реално нејзиниот живот.
XS
SM
MD
LG