Достапни линкови

logo-print

МАНУ го скрши мразот со Бугарија, на ред се политичарите


Залагањата на МАНУ во односите со Бугарија може да влијае да се подобрат и политичките односи меѓу двете земји, но потребна и е умерена политика и умерена дипломатија.

Добредојдени се сите средби и посети на Бугарија на било кое ниво, бидејќи тие придонесуваат за подобрување на односите, велат експертите.
Дали тие ќе знаат и дали ќе имаат волја да го продолжат дијалогот со умерена политика и умерена дипломатија, затоа што овие односи се доста специфични и доста чувствителни, така што треба умешност и во дипломатијата и во политиката.


Добрососедските односи со Бугарија се услов за влез на Македонија во ЕУ. Македонската и бугарската академија на науката и уметностите викендов во Софија заедно го празнуваа денот на Свети Кирил и Методиј, кој во земјата се слави по стар календар. Претседателот Иванов со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Претседателот Иванов со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.



Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски изјавил дека целта на посетата е да се зајакне соработката во регионот во духот на евроинтегративните процеси. Освен академииците дел од македонската делегација ја сочинуваа и претставници на МПЦ на чело со архиепископот Стефан.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека е добро што МАНУ профункционира во воспоставувањето на односи со соседните земји со кои имаме проблеми.

„Така што нивното учество во сите тие церемонии, може да влијае да се подобрат и политичките односи меѓу Македонија и Република Бугарија.“

Според него, тоа помага во развивање на политичките односи помеѓу двете земји и решавање на меѓусебните проблеми, ако има волја и вистински пристап за промена на амбиентот зо воспоставување дијалог.

„Република Бугарија може да ни биде еден добар лобист понатаму и за евро-атланските интеграции.“

Но, Рамадани додава дека иако средбата претставува добар почеток, тој се плаши од тоа како ќе реагираат политичките структури.

„Дали тие ќе знаат и дали ќе имаат волја да го продолжат дијалогот со умерена политика и умерена дипломатија, затоа што овие односи се доста и специфицни и доста чувствителна, така што треба умешност и во дипломатијата и во политиката. Ако на тоа се внимава, мислам дека работите можат да одат на подобро.“

Инаку за првпат академиците од Македонија и Бугарија заедно го одбележаа 11 Мај.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG