Достапни линкови

logo-print

Топло - ладно во односите со Бугарија


Архивска фотографија: Протести пред заедничката седница во на премиерите на Македонија и Бугарија, Никола Груевски и Пламен Орешарски, Ќустендил, Бугарија.

Архивска фотографија: Протести пред заедничката седница во на премиерите на Македонија и Бугарија, Никола Груевски и Пламен Орешарски, Ќустендил, Бугарија.

Повеќе од јасно е дека меѓу Македонија и Бугарија во моментот постојат отворени прашања, но политиката постои за да ги реши.

Очигледно е дека меѓу Македонија и Бугарија во моментот постојат отворени прашања, но политиката постои за да ги реши нив, согласни се домашните аналитичари. Сè додека Бугарија води политика базирана на историските синдроми, билатералните односи нема да се подобруваат, оценува поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Додека тие сметаат дека нема македонски народ и нема македонски јазик, тоа тешко ќе нè извади од ќор-сокакот во кој сме најдени.

„Додека тие сметаат дека нема македонски народ и нема македонски јазик, тоа тешко ќе нè извади од ќор-сокакот во кој сме најдени“, вели Никовски.

Договорот за добрососедство кој Бугарија инсистира да се потпише со нашата земја, секако е едно од прашања кои во последниот период се актуелни меѓу двете земји. Оваа, според Никовски, уцена од страна на Бугарија, повторно нè тера во ќорсокак,
оти, според него, начинот на кои тие сакаат тој да се постигне е едностран.
Ние многу тешко се ослободуваме од тоа да вршиме сатанизирање на бугарската политика и сè што е бугарско.

„Ние во 1999 година направивме една стратегиска грешка кога ја потпишавме таканаречената декларација за соработка. Во неа е девалвиран македонскиот јазик, во неа ние практично се откажавме од нашите во Бугарија и Бугарија сега сака тоа да го издигне на повисоко ниво, на договор“, вели Никовски.

Сосема поинаку размислува универзитетскиот професор Мерсел Биљали. Кога претендирате да станете член во едно елитно друштво, мора да се адаптирате на нивните правила. Биљали вели дека нема ништо спорно во потпишувањето на еден таков писмен документ.

„Со проблемите кои ги имате пред да влезете во тој клуб не можете да влезете таму затоа што ќе ги внесете и нив. Јас мислам дека Бугарија сака претходно да се заштити од тоа што тие го нарекуваат крадење и фалсификување на историјата“, вели Биљали.

И додека Никовски предупредува и очекува во иднина Бугарија да станува се поизразен противник на македонското зачленување во Европската унија и да ја гледа гледа Македонија низ нишан, Биљали вели дека во регионална рамка, Бугарија инвестирала многу во пријателските односи со Македонија.

„Ние многу тешко се ослободуваме од тоа да вршиме сатанизирање на бугарската политика и сè што е бугарско“, вели Биљали.

„Мораме да бидеме свесни дека во иднина Бугарија уште повеќе ќе доаѓа до израз како наш противник во сите наши евроатлантски перспективи“, вели Никовски.

Инаку, при последната средба на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин во Софија, Попоски изјави дека секој текст со кој сите ќе се чувствуваат пријатно, а ќе овозможи зголемена практична соработка е добредојден. Вигенин, како што пренесоа бугарските медиуми, изјавил дека спорно било на кој јазик би се потпишал договорот, како и барањето од бугарска страна за гаранција дека Уставот на Македонија не е основа за мешање во внатрешните прашања.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG