Достапни линкови

Австрија победи на Евросонг 2014


Претставникот на Австрија, травеститот Кончита Вурст е победник на Евросонг 2014 година. Со освоени 290 поени, таа се пласираше на првото место, пред Холандија и Шведска. По победата Вурст им изјави на новинарите дека се надева оти сега хомосексуалците, бисексуалците и травеститите ширум светот ќе бидат посилни во нивната борба за човекови права. Пред финалната вечер во Белорусија, Ерменија и Русија се појавија петиции со барање да се скрати настапот на трансвеститот Нојвирт при емитувањето на преносот во овие земји. Но, Кончита успеа да собере поени во речиси сите земји. Од Русија, каде долго претседателот Владимир Путин води борба против хомосексуалците, таа доби пет поени, само два помалку отколку во толерантната Германија.
XS
SM
MD
LG