Достапни линкови

Асад за прв пат ќе има противкандидат на претседателските избори


Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот пратеник Махер Абдул-Хафиз Хаџар е прв што официјално ја објави кандидатурата на претстојните претседателски избори, кои се закажани за 3 јуни и покрај тоа што во земјатаа беснее војна. Претседателот Башар ал-Асад рече дека ќе побара уште еден мандат од граѓаните, но сè уште не ја објавил својата кандидатура. Сириската државна телевизија објави дека 43-годишниот Хаџар е од градот Алепо на северот на земјата. Ова ќе бидат први претседателски избори организирани од режимот на Асад. Претходно, изборите беа референдумско изјаснување за само еден кандидат. Се очекува Асад да победи на изборите.
XS
SM
MD
LG