Достапни линкови

Расте бројот на дијабетичари со оштетен вид


Над десет проценти од 200 членови во Здружението на слепи лица од Битола се дијабетичари на кои покачениот шеќер во крвта им го ошетил видот.

Расте бројот на битолчани што ослепиле како последица на шеќерната болест, алармираат од Здружението на слепи лица од Битола. Над десет проценти од нивните 200 членови се дијабетичари на кои покачениот шеќер во крвта им го ошетил видот.
Состојбата не е на завидно ниво зашто има доста луѓе во Битола ослепени од шеќер. Тоа најчесто се случува на возраст од 40 до 50 години.
Стевче Kостадиновски, претседател на Здружението на слепи лица.


„Состојбата не е на завидно ниво зашто има доста луѓе во Битола ослепени од шеќер. Тоа најчесто се случува на возраст од 40 до 50 години. Техниката денес отиде многу напред и нас на луѓето кои не гледаме ни требаат многу помагала како апарат за притисок, рачен часовник, апарат за шеќер“, вели Стевче Kостадиновски, претседател на Здружението на слепи лица.

„Откако ми се јави оштетување на видот дознав дека сум имал шеќерна болест. Тегови имав, но не ја контролирав крвта и ни на крај на памет не ми беше дека на 40 години ќе станам дијабетичар“, вели Миле Гроздановски, лице со оштетен вид.
Откако ми се јави оштетување на видот дознав дека сум имал шеќерна болест.
Миле Гроздановски, лице со оштетен вид.

Лекарите потврдуваат дека дијабетесот зазема епидемиски размери и е резултат на неквалитетна исхрана, дебелина, стрес. Во Битола има повеќе од 3.000 пациенти што страдаат од дијабетес, од нив 1.200 се на инсулинска терапија. Според лекарските статистики, годишно во просек по шестмина битолчани ослепуваат поради компликации од оваа болест.

Понапред катарактот, а во последниве 20 години дијабетесот е водечка причина за слепилото кај пациентите. Жалосно е ова да се случува во денешно време кога постојат можности за регулирање на шеќерот во крвта. Недисциплината на пациентите болни од шеќер е главниот проблем што кај нив доаѓа до оштетување на видот, вели Димче Чипуровски, специјалист-офталмолог.

Дури 15 деца од Битола се зависни од инсулин. На 100 дијабетичари по едно дете страда од оштетување на видот предизвикано од болеста, покажуваат статистичките податоци.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG