Достапни линкови

logo-print

Кружните текови - олеснување за возачите, но проблем за другите


Кружните текови во Тетово се направени за да се надмине сообраќајниот метеж,но се занемерани останатите инфраструктурните елементи.

Тетово доби голем број кружни текови на главните улици со цел да се подобри сообраќајот, но граѓаните и воопшто јавноста посочуваат дека новиот лик на градот создаде и нови инфраструктурни проблеми. Меѓу оние кои се најзасегнати се лицата со оштетен вид. Откако беа отстранети семафорите слепите лица останаа без звучна сигнализација, па така не се во можност да ги преминуваат улиците каде што има кружни текови.
Поради новите кружни текови што се во градот, многу е тешко бидејќи е едно слепо лице не може само да се движи секогаш е потребно да има придружник.

„Поради архитектонските бариери се уште слепите лица се на маргините. Поради новите кружни текови што се во градот, многу е тешко бидејќи е едно слепо лице не може само да се движи секогаш е потребно да има придружник, вели Лидија Андоновска од здружението на слепи лица.

Од здружението велат дека постојат разни начини за да можат слепите лица да поминуваат околу кружните текови, како што е на пример уредување на патеки со гумирана подлога.

Градоначалникот Теута Арифи уверува и најавува дека општината ќе работи на тоа да се најде решение за проблемот на слепите лица.
Сообраќајот е комплесно прашање каде што треба да се земат предвид многу елементи кога се носи решение за да се дадат усмерувања или уредувања на сообраќајот.

„Секако во однос на звучната сигнализација имајќи го предвид фактот дека се сẻ помалку семафори, а имаме се повеќе кружни текови, веќе е сменет системот во градот. Во рамки на нашите активности ќе направиме што е можно да се имаат подобар пристап“, вели градоначалникот Теута Арифи

Универзитетскиот професор по инфраструктура Вулнет Палоши вели дека кружните текови се пуштени во употреба без технички прием па така никој не констатирал дека има пропуст како во конкретниот случај- како таму да поминуваат слепите лица. Според неговите стручни анализи, кружните текови во Тетово се направени за да се надмине сообраќајниот метеж, за да можат возилата побрзо да се движат, но се занемерани со останатите инфраструктурните елементи. Делумно е решен еден проблем, но се појавувиле два или три нови, вели професорот Палоши.

„Ова генерално се однесува за сẻ во градот Тетово. Не е само сообраќајот туку и другата инфраструктура. Само се работи на парцијални решенија. Сообраќајот е комплесно прашање каде што треба да се земат предвид многу елементи кога се носи решение за да се дадат усмерувања или уредувања на сообраќајот“, вели професорот Палоши.

Во Тетово во изминативе неколку години се изградија 11 кружни текови.
XS
SM
MD
LG