Достапни линкови

Можат ли слепите во Македонија да успеат?


Во земја со лоша економска состојба, голема невработеност, архитектонски бариери, какви шанси за успех имаат слепите луѓе? За работа ни конкурираат и здравите, а на скопските улици ќе се сопне и човек што гледа, се жалат слепите луѓе со кои разговаравме.



Што имаат заедничко мега-популарните Реј Чарлс, Стиви Вондер и Андреа Бочели, балканските турбо-фолк ѕвезди Саша и Дејан Матиќ и издавачот Џозеф Пулицер, според кого се доделува најпрестижната новинарска награда во САД? Погодувате, сите се слепи. Но, сите овие се успешни во работата што ја работат.

Каква е ситуацијата во Македонија? Можат ли слепите луѓе да успеат? Ќе се потрудиме да ви ја раскажеме приказната на 28-годишниот Гоце Радевски, дипломиран новинар, со желба да запише уште еден факултет. Човек, кој се труди и успева во животот.

Кој изгубил едно, добил друго

Не пречекува на автобуската станица кај Зелено Пазарче. Ведар, насмеан и духовит. 28-годишниот Гоце Радевски не кани да седнеме зад киоскот што пред неколку месеци го отворил на оваа фреквентна локација во центарот на градот. Улицата ја преминува сам, без ничија помош опипувајќи го патот само со препознатливиот бел стап.

Откако дипломирал на Факултетот за новинарство, вели барал работа во речиси сите медиуми, но видел дека таму тешко ќе успее. Уредниците со кои сум разговарал не знаат што да ми кажат, вели Радевски.
Кај мене владее најверојатно голем оптимизам па почнав такво нешто. Почнав со 15 илјади денари, се обидував да отворам тобако, а 15 илјади денари не стигнуваа ниту за една шеснаестина од робата.

„Како тие се губат и во време и во простор кога ќе седнат да разговараат со мене, што пред се јас би требало да се изгубам, не знаејќи како да ме предомислат да се откажам. И што ми викаат, ајде кажи што можеш ти да кажеш, што можеш ти да направиш за нашава куќа и кога ќе кажам, тоа им е неверојатно и после тоа се со изговор, дека треба да се консултираат и со генерални директори и не знам кој, така што после тоа останува и сето тоа се сведува на ништо.“

Сепак, тој повеќе сака да зборува за тоа што го направил и планира да го направи, отколку за потешкотиите со кои секојдневно се соочува. Киоскот го отворил со почетни 15 илјади денари. Со гордост раскажува дека бизнисот засега добро му оди.

„Да, имав некоја смешна сума на пари во мене со која не требаше ниту да помислам на такво нешто, мислам барем така викаа другите, но бидејќи кај мене владее најверојатно голем оптимизам па почнав такво нешто. Почнав со 15 илјади денари, се обидував да отворам тобако, а 15 илјади денари не стигнуваа ниту за една шеснаестина од робата.“

Македонија е една од ретките земји во светот каде што нема синтетизатор на глас на македонски јазик на специјалните компјутерски програми за слепи лица

Го прашувам како успева да работи трговија, имајќи предвид дека е слеп. Прашањето го вознемирува. Истото ме праша, вели Радевски, и владината комисија пред која побарав ослободување од плаќање придонеси и персонален данок – можност која им следува на луѓето со хендикеп.

„На нив им кажав, а сега и на вас ќе ви кажам - свесни сте и вие и знаете колку е напредната компјутерската технологија, има прилагодени компјутери со коишто ние можеме да работиме. Станува збор за еден софтвер кој што го чита дисплејот, односно мониторот, што значи се што има на мониторот, тонски го дава, потоа ги има и оние брајови редови, така што нам не ни е проблем. Можам покрај компјутерот да го користам и скенерот и принтерот и се.“
За лицата со инвалидитет, јас еве сум се снашол, меѓутоа има многу други слични како мене, кои треба да бидат приоритет во оваа држава. Не викам дека тие не треба да бидат борбени, затоа што ако сум можел јас да успеам сите други можат да успеат, меѓутоа има многу кои се песимистички настроени.

Но, се работи со пари, забележувам.

„Вие која пара сакате дајте ми ја, јас ќе ви кажам која е. Можеби тоа ви е неверојатно, но можеби сте слушнале дека кај оној што изгубил едно, добил на другото, па веројатно јас сум добил на чувство на допир и ги чувствувам парите, која е која.“

Покрај тоа, вели тој, вработените во дуќанот не се слепи и во нив имам неограничена доверба. Немам директен контакт со муштерии, туку само со дистрибутерите. Досега никој не се обидел да ме украде, вели Радевски.

„Напротив, скоро сите муштерии ме запознаа и онака станаа пријатели со мене, а тоа се се должи според мое мислење на односот кон клиентите. Како ќе се поставиш така и ќе те гледаат. Можеби и смешно ќе му звучи некому, но пријателите само така се добиваат и со искрени намери за пријателство, ништо повеќе. Еве и дистрибутерите што ниту ги знаев, ниту ги познавав, сега со нив излегувам во диско.“

Илустрација.

Македонија е една од ретките земји во светот каде што нема синтетизатор на глас на македонски јазик. Слепите користат синтетизатори, кои што го читаат пишаниот текст на српски или на бугарски јазик. Компјутерите и компјутерските програми не им следуваат ниту од Фондот за здравство. Радевски вели дека компјутерските програми за слепите луѓе се многу скапи. Сепак и таму помагаат некои добри луѓе, вели тој.

„Но, еве има некои кои што се хакери, па знаат тоа да го направат и без да платат. Па, така сме успеале да ги добиеме тие програми, иако не ги има секој. Тој што успеал да се снајде, се снашол, кој не успеал не се снашол и
Вие која пара сакате дајте ми ја, јас ќе ви кажам која е. Можеби тоа ви е неверојатно, но можеби сте слушнале дека кај оној што изгубил едно, добил на другото, па веројатно јас сум добил на чувство на допир и ги чувствувам парите, која е која.
ден денеска не знае да работи на компјутер.“

Радевски го изгубил видот на 20 години. Вели сум бил и на едната страна и на другата. Ја знам разликата, вели. Апелира до државата да обрне повеќе внимание на луѓето со хендикеп, но ги повикува и луѓето со хендикеп да се борат и да не се откажуваат.

„За лицата со инвалидитет, јас еве сум се снашол, меѓутоа има многу други слични како мене, кои треба да бидат приоритет во оваа држава. Не викам дека тие не треба да бидат борбени, затоа што ако сум можел јас да успеам сите други можат да успеат, меѓутоа има многу кои се песимистички настроени и мислат дека откако се стекнале со таа инвалидност дека за нив тука е крајот на животот.“

На скопските улици ќе се сопне и човек што гледа

Сакавме да направиме споредба некогаш и сега. Како се снаоѓале слепите луѓе во Македонија во минатото?

55-годишниот Имер Демировски е потполно слеп веќе 10 години. Видот го губел постепено. Сега е во пензија. Работниот век го поминал како
Конкуренцијата е голема и од здравите луѓе, и тешко се наоѓа работа за инвалид, за слеп човек тешко е за работа.
физиотерапевт во Воената болница во Скопје, откако завршил Школо за физиотерапевти во Белград. Вели дека бил успешен во неговата работа.

„Од слепите физиотерапевти главно луѓето се задоволни. Сите слепи физиотерапеути се добри и пациентите се задоволни. Јас работев во Воената болница 30 години и задоволни беа моите пациенти и ден денска по некој пријател ми е пациент, луѓето што ме бараат од порано, бараат помош и задоволни се.“

Демировски раскажува дека порано полесно се наоѓало работа за слепите луѓе.

„Конкуренцијата е голема и од здравите луѓе, и тешко се наоѓа работа за инвалид, за слеп човек тешко е за работа.“

Архитектонските бариери еден од најголемите проблеми за лицата со хендикеп

Тој вели дека кај слепите, но и кај сите други луѓе со хедикеп, постои страв дали ќе бидат прифатени од општеството, но ги повикува луѓето да излезат и да не се изолираат.

„Стравот постои и кај мене беше присутен во почетокот, како ќе биде што ќе биде, меѓутоа успеав. Цел живот со луѓе работев и бев многу добро примен и од колегите и од пациентите.“

Нашиот соговорник вели дека одамна се помирил со слепилото. Тоа веќе не ми е проблем. Имам исти проблеми како и сите други луѓе, вели тој.

Сепак се жали дека движењето во главниот град е многу тешко за луѓето со оштетен вид. Јас сум еден од похрабрите што во Скопје се движи сам, со бело стапче, вели Демировски.
Никој не размислувал дека тука може да заглави некој, може човек и што гледа тоа да му се случи.

„Еве тука кај што живеам во Драчево, сега градеа една улица, замислете тротоар направија, нов тротоар, и направен е тротоарот едно метро, а некаде каде што има простор не е асфалтиран тротоарот до крајот на ѕидот туку е оставена дупка, таман да можеш ногата да ја ставиш и да заглавиш. Значи никој не размислувал дека тука може да заглави некој, може човек и што гледа тоа да му се случи... Ете такви ситници ни недостасуваат. Мислам на државата и недостасуваат многу пари, меѓутоа и памет малку повеќе и недостасува.“

Демировски вели дека постојат многу компјутерски програми што им го олеснуваат животот на слепите, но оти се многу скапи. На слепите бесплатно им следува само белиот стап, вели тој.

Или се невработени или се пензионери

Колкумина луѓе во Македонија ја судбината на Радевски и Демировски?

Коце Димов од Сојузот на слепи лица на Македонија вели дека нивната
Стоевме одлично во претходната држава, за која што со пиетет зборувам, па ни се случи транзиција, приватизација и не знам уште што, и во тој дел генерално страдаа пред се и над се
социјалните категории.
организација брои околу 2.500 членови. За точниот број на слепи лица никој не води евиденција, вели тој.

Според евиденцијата на Агенцијата за вработување, во земјава има 119 невработени слепи луѓе. Тоа е само четири отсто од членството на Сојузот. Тоа и не е голема бројка, забележувам. Димов не се согласува со ваквата констатација.

„Бројката од 119 луѓе е неверојано голема, бидејќи ако зборуваме за овој дел 2.500 луѓе, сфатете дека слепилото најчесто се појавува и во поодминатите години што значи дека тоа се или инвалидски пензионери или вистински пензионери. Ако ги изземете оние ризични категории на старост и децата во процесот на образование, вие ќе добиете една енормна бројка која што е 119 луѓе, тоа е многу голема бројка бидејќи поголемиот дел од популацијата е невработен, младата популација.“

Браево писмо.

Во западните земји, забележува Димов, оваа категорија граѓани најмногу се вработува во јавната администрација.

Како е во Македонија, го прашувам?

„Па, појдовме од мртва точка. Стоевме одлично во претходната држава, за која што со пиетет зборувам, па ни се случи транзиција, приватизација и не знам уште што, и во тој дел генерално страдаа пред се и над се социјалните категории. Сега со оваа влада имаме неколку вработувања, пет-шест, што е далеку од потребното.“

Димов се жали и на тоа што на слепите луѓе не им следуваат бесплатни компјутерски помагала.
Ако на телесен инвалид не му функционираат нозете, веднаш му давате количка, ако слепите не гледаат не им даваат ништо, бидејќи тоа не било здравствено помагало. Не знам, можеби тие читаат со некој друг орган на телото, од каде да знам, но јас читам, а претпоставувам дека и вие читате
со очите.

„Ако на телесен инвалид не му функционираат нозете, веднаш му давате количка, ако слепите не гледаат не им даваат ништо, бидејќи тоа не било здравствено помагало. Не знам, можеби тие читаат со некој друг орган на телото, од каде да знам, но јас читам, а претпоставувам дека и вие читате, со очите.“

Димов се согласува дека, во поглед на инфраструктурата, Скопје не е многу пријателски град за слепите да може непречено да се движат.

„Мене ми се случиле две несреќи во животот. Првата несреќа и помала е тоа што го изгубив видот, а втората и поголема е што живеам овдека. Многу е тешко да се движите во Скопје. Како пример ќе ја земам „Партизанска“, која што е правена во 70-тите години. Таа, согласно тогашните параметри за пристапност и достапност, беше одлична. Земете ја „Илинденска“ која што сега ја направија пред пет-шест месеци, таа е многу лошо направена. Практично тешко ќе се движите вие во градскиот метеж, ама ако немате друг избор ќе морате да се помирите со тоа, а може и да се каже дека сепак Скопје е и колку-толку подобра приказна од сите други градови во внатрешноста каде ситуацијата е многу покатастрофална.“

Има уште многу работа

Досегашниот заменик, а сега и иден министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, вели дека во соработка со Сојузот на слепите лица е направен тригодишен акциски план за вклучување на слепите луѓе во општеството. Тој додава на ова поле треба многу да се работи.

„Има што да се работи затоа што искрени да бидеме на полето на интеграција на слепите лица во Македонија во изминатиот период релативно слабо се работело, но нормално тоа е еден од предизвиците со кој ќе мора да се соочиме во наредниот период и да овозможиме што
Мене ми се случиле две несреќи во животот. Првата несреќа и помала е тоа што го изгубив видот, а втората и поголема е што живеам овдека. Многу е тешко да се движите во Скопје.
поголема инклузија на овие лица.“

Едно од најбитните прашања кои ги засегаат слепите луѓе е вработувањето за да можат полесно да се вклучат во општеството. Ристовски вели дека не сака да шпекулира за вистинскиот број на невработени слепи луѓе.

„Јас не би можел сега да претпоставам дали тие лица работат или не, можеби воопшто и не дошле да го евидентираат своето право, меѓутоа искрено сум изненаден од овој податок, мислам дека има многу поголема група на слепи лица кои што не работат, од она што реално е пријавена и прикажана во Агенцијата за вработување.“

Тој додава дека министертвото сега ги анализира меѓународните искуства кои би можеле да се адаптираат во македонските услови.

Чешкиот претседател има слеп курир

За крај, една интересна вест што неодамна ја пренесоа новинските агенции.

Курирот вработен во канцеларијата на чешкиот претседател Вацлав Клаус е слеп. Триесет и четиригодишниот Јан Риха секојдневно разнесува пошта за вработените. Секогаш кога ќе го сретне претседателот го препознава по гласот.

„Секогаш прв ме поздравува. Некогаш ќе размениме понекој збор, вообичаено како секаде на работа кога ќе се разминете со претпоставениот“, вели Риха.

Раскажува дека се вработил во кабинетот на Класус, откако му напишал писмо во кое барал работа откако ја загубил претходната.

„Ме примија и на ова место работам веќе 11 години“, се сеќава овој млад човек за почетокот на својата кариера.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG