Достапни линкови

Иран нема да го менува амбасадорот во ООН


Техеран не ја прифати одлуката на САД за не давање виза на ново предложениот ирански претставник во ОН, Хамид Aбуталеби. Заменик министерот за надворешни работи Абас Aрагчи изјави дека Техеран планира проблемот да го решава преку ОН со правни механизми. Aрагчи нагласи дека Иран не размислува за алтернатива во врска со Абуталеби. Вашингтон се противи на номинацијата на Абуталеби бидејќи се сомнева дека тој учествувал во исламската група кои држеа 52 американски заложници во 1979 година, кога групата влезе во Амбасадата на САД во Техеран.
XS
SM
MD
LG