Достапни линкови

logo-print

Турчинов вети амнестија за про-руските сепаратисти


Луханск, 10.04.2014

Луханск, 10.04.2014

Украина нема да ги суди про-руските сепаратисти доколку ги напуштат државните објекти кои ги окупираа во источните градови и доколку го предадат оружјето, изјави денеска во парламентот во Киев привремениот украински претседател Олександер Турчинов. Вчера рускиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека има два начина за надминување на кризата во источните градови, со преговори и со сила. Про-руски сепаратисти веќе неколку дена држат под опсада владини објекти во Луханск и Доњецк, што според Киев, е дел од планот за руска инвазија во Украина.
XS
SM
MD
LG