Достапни линкови

Во Авганистан утре претседателски избори


Авганистанците се подготвуваат да излезат на гласање за избор на претседател со што треба да се одбележи првиот демократски трансфер на власта во историјата на земјата.

Во пресрет на гласањето, имаше повеќе насилства. Во источната провинција Кост беше убиена германска фоторепортерка Ања Нидрингхаус, а повредена беше канадската репортерка Кети Ганон.

Претседателот во заминување Хамид Карзаи го осуди нападот врз новинарите и нареди истрага.

Гласачите ќе избираат замена за Карзаи, кој ја предводеше земјата од крајот на 2001 година, по соборувањето на талибанскиот реѓим од слите предводени од САД.
XS
SM
MD
LG