Достапни линкови

Молдавија против приклучувањето на Трансдњестар во Русија


Молдавија ја предупреди Русија да не превзема чекори за анектирање на Трансдњестар, на начин на кој го анектираше Крим. Претседателот Николае Тимофти изјави денеска дека Русија ќе направи грешка доколку го прифати барањето од претставници на Трансдњестар, кои побараа приклучување кон Русија. Трансдњестар во 1990-та година прогласи независност од Молдавија, но не е признат од ниедна држава, а во 2006-та година организираше и референдум за приклучување кон Русија на кој мнозинството се изјаснија ЗА.
XS
SM
MD
LG