Достапни линкови

logo-print

Власта ќе се фали, опозицијата ќе нуди подобро


Кои ќе бидат главните теми со кои претседателските кандидати ќе се обидат да ги придобијат гласачите ќе се откриваат во текот на кампањата.

Ден по истекување на рокот за поднесување на кандидатурите за претседателските избори, и официјално е јасно дека во изборната трка влегуваат актуелниот претседател Ѓорге Иванов како кандидат на ВМРО–ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран Поповски од ГРОМ и Иљаз Халими од ДПА. Кои ќе бидат нивните главни теми со кои ќе се обидат да ги придобијат гласачите ќе се откриваат во текот на кампањата.
Прв приоритет е да го вратиме граѓанинот во центарот на политичкиот живот. Значи, да ја ослободиме таа позитивна енергија којашто сега е угушена исклучиво од партиски интереси.

Уште на конвенцијата на која беше избран за кандидат, актуелниот претседател Иванов рече дека тој неговата програма ја презентирал пред пет години и дека сега доаѓа со отчет, а неговата цел е да бидеме обединети.

Од изборниот штаб на најголемата опозициска партија, СДСМ, велат дека нивниот кандидат Стево Пендаровски засега само може да се каже дека ќе се обиде во кампањата да се претстави како кандидат прифатлив за сите граѓани на државата и ќе се фокусира на сите сфери кои спаѓаат во ингеренции на претседателот, но примарна негова цел ќе биде да им укаже на граѓаните дека во Македонија е неопходно да се врати достоинството на функцијата претседател.
Акцентот ќе биде ставен од страна на владејачката партија на успесите и ограничувањата за поголеми успеси, како на надворешен, а пред сè на внатрешен план, додека кај опозицијата ќе биде напад пред сè на постојната ситуација како исклучително лоша и нудење сопствени решенија во таа насока.

Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски своите приоритети ги гледа во ослободување на граѓаните од дневната политика како во судството така и во медиумскиот простор и меѓуетничките односи.

„Прв приоритет е да го вратиме граѓанинот во центарот на политичкиот живот. Значи, да ја ослободиме таа позитивна енергија којашто сега е угушена исклучиво од партиски интереси“, Изјави Поповски.

Кандидатот на ДПА, Иљаз Халими, партијата што го кандидираше го нарече консензуален кандидат на Албанците во земјава.

Она што експертите очекуваат од настапите на претседателските кандидати е дека власта и во оваа кампања ќе ги истакнува досегашните успеси и попреченоста предизвикана од нерешениот спор за името за постигнување уште поголеми, додека опозицијата ќе биде фокусирана, вели професор Здравко Савески, на внатрешен план осудувајќи го демократскиот дефицит на Македонија и драстичното уназадување на демократијата во периодот на мандатот на актуелниот претседател.

„Акцентот ќе биде ставен од страна на владејачката партија на успесите и ограничувањата за поголеми успеси, како на надворешен, а пред сè на внатрешен план, додека кај опозицијата ќе биде напад пред сè на постојната ситуација како исклучително лоша и нудење сопствени решенија во таа насока“, изјави Савевски.

Генерално, настапите би биле прилично ограничени доколку претседателските кандидати, вели Савески, се држат до ингеренциите на претседателот, па затоа и се очекува темите да бидат далеку поопсежни од тоа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG