Достапни линкови

Политичарите бегаат од незгодни прашања


Актуелниот медиумски амбиент и искривената политичка сцена не оставаат простор за медиумско соочување на кандидатите за претседател и за пратеници.

Во една сосема изместена политичка, а со тоа и изборна комуникација не може да се очекува дека кандидатите на претстојните избори ќе ја удостојат јавноста со медиумски соочувања, дуели и дебати околу својата програмска понуда, коментираат експертите.
Ако вие не сте спремни да седнете на маса со оние што мислат различно, од каде ви идејата дека некого можете да убедите дека ќе бидете претседател на сите граѓани.

Партиите освојуваат нови комуникациски канали кои само ја зголемуваат можноста за манипулации, но ја избегнуваат можноста да им бидат поставувани незгодни прашања. Тоа пак без многу размислување, јасно е дека го снижува значително нивото на демократија, посочува комуникологот Климе Бабунски и очекува, како што вели, пред изборите да се случи едно такво чудо.

„Дури се навикнавме дека во една ваква клима во Македонија такви работи не се случуваат и како да не ги бараме. Чудно ни е ако некој праша зошто тоа го нема, па можеби ќе му кажеме – па зарем не знаеш каде живееш, тоа го нема со години овде кај нас“, вели Бабунски.
Во овие услови кога медиумите ги контролира власта, значи ВМРО-ДПМНЕ, соочувањето на кандидатите би било нешто некоректно.

Според професор Арсим Синани во актуелниот медиумски амбиент, би било дури и некоректно да се случи медиумско соочување на кандидатите.

„Во овие услови кога медиумите ги контролира власта, значи ВМРО-ДПМНЕ, соочувањето на кандидатите би било нешто некоректно, треба да се најдат кои се тие медиуми каде може кандидатите да се соочат.“
Стево Пендаровски кандидат на СДСМ за претседател на Македонија.

Стево Пендаровски кандидат на СДСМ за претседател на Македонија.


Поради тоа, во овој момент граѓаните многу малку им веруваат на медиумите па оттука тие не можат да ја одиграат вистински улогата во претставување на изборната понуда воопшто, додава Синани. Во поширока смисла без притисок од целокупната јавност, сите придонесуваме во усвојување на една негативна рутина, вели Бабунски, а тоа во постоечката политичка клима, според него, може да го промени единствено упорна иницијатива од медиумите кои би ги повикувале сите кандидати на дуел или дебата пред изборите зошто во крај на линија тие имаат задача да ги претстават оние кои ги донесуваат одлуките.

„Тоа е метафизиката на целиот концепт на избор на таа комуникација и увидот во нејзиниот демократски капацитет. Ако вие не сте спремни да седнете на маса со оние што мислат различно, од каде ви идејата дека некого можете да убедите дека ќе бидете претседател на сите граѓани“, посочува Бабунски.

Тешко дека во вака агресивни изборни кампањи какви што се водат последниве години каде што кандидатите ќе покажат волја да ги посетат сите градови и села, помали и поголеми места во државата ќе можат да се оправдаат за отсуство од јавно соочување кое би им било достапно на сите, додава Бабунски.
XS
SM
MD
LG