Достапни линкови

Села „ја спука“ со Тачи


Архивска фотографија: Зиадин Села.
Архивска фотографија: Зиадин Села.

Струшкиот огранок на ДПА не ја поддржува листата за пратеници за изборната единици пет, која, пак, добила зелено светло од централата на партијата и лидерот Мендух Тачи. Градоначалникот Зијадин Села, инаку висок партиски функционер на ДПА, рече дека за ништо не биле консултирани и оти нема да дозволат да изгубат во Струга.

Врие на политичката сцена во Струга, непосредно пред предвремените парламентарни избори, за тоа кој да биде на носечките позиции на листите за пратеници. Ситуацијата е речиси иста во сите политички партии и од македонскиот и од албанскиот политички блок. Лобирања и агитирање помеѓу членството за подршка се дел од случувањата, деновиве во Струга. Ваквата состојба е најизразена е во ДПА.
Ако некој сака ние да изгубиме ние тоа нема да го дозволиме да се случува. Не се согласуваме со листите и не сме консултирано околу тоа.
Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Струшкиот огранок на партијата не ја поддржува листата за пратеници за петка која пак добила зелено светло од централата на партијата и лидерот Мендух Тачи. Струшкиот градоначалник Зијадин Села, инаку висок партиски функционер на ДПА рече дека за ништо не биле консултирани и оти нема да дозволат да изгубат во Струга.

Мислам дека како и при секои вакви превирања внатре во рамките на самите партии каде што тенденцијата е да прикаже авторитетот од ваквите случаи ќе произлезе нешто ново и добро.
Ардијан Демири претседател на струшкиот огранок на Националната демократска преродба.
„Стојам зад секој кажан збор на огранокот на ДПА во Струга. Ние ќе стоиме до крај на нашите ставови бидејќи ние тука сите сакаме да победиме. Сега треба да се надминеме себеси и да победиме и тоа е целта на огранокот на ДПА во Струга. Нема никаква друга скриена цел. Ако некој сака ние да изгубиме ние тоа нема да го дозволиме да се случува. Не се согласуваме со листите и не сме консултирано околу тоа“, рече Села.

Тој неговата последна средба со амбасадорот на САД во Македонија ја оценува како редовна и ништо повеќе од тоа.

Ардијан Демири претседател на струшкиот огранок на Националната демократска преродба, вели дека пред овие избори во Струга се случуваат внатрепартиски поместувања.

„Она што е малку покарактеристично во однос на претходните избори е дека имаме некакви внатрепартиски поместувања во рамките на поголемите албански политички партии, мислам на ДПА и ДУИ. Но, мислам дека како и при секои вакви превирања внатре во рамките на самите партии каде што тенденцијата е да прикаже авторитетот од ваквите случаи ќе произлезе нешто ново и добро“, рече Демири.

Ристо Ќушкоски, советник од СДСМ, вели дека она што и треба на Струга е да не и се повтори сценарито од некои претходни изборни циклуси.

„Со оглед на ситуацијата општо во државата не се исклучени и тие работи. Сепак, мислам дека ќе се избегнат тие работи“, рече Ќушкоски.

Абдула Ќазимоски, претседател на Советот на Општина Струга, најави дека сите обиди за политички препукувања во предизборниот период помеѓу советниците ќе настојува да ги спречи.

„Седниците ќе ги има и во текот на изборите.Тоа за мене е нискост од оваа позиција човек да ги политизира некои работи, кога се работи за точки кои се од интерес на граѓаните. Ќе се обидам да го минимизирам начинот на нивната политика ако се случи и оние кои имаат желба да го политизираат овој совет“, рече Ќазимоски.
XS
SM
MD
LG