Достапни линкови

Прилепчани и натаму без градски превоз


Автобуси за јавен превоз во Прилеп.

Автобуси за јавен превоз во Прилеп.

Од средината на летото се набавени автобуси кои чекаат да бидат ставени во функција. Јавното претпријатие задолжено да го организира градскиот превоз најави дека ќе стартува со работа најдоцна до март.

Прилепчани, особено повозрасните, и оние кои што живеат во најоддалечените населби од градот со нетрпение очекуваат да започне да функционира јавниот градски превоз. Овој проект беше во програмите на политичките партии за време на изборната кампања, но никако да дојде време да профункционира.
И покрај избор на два директори, Управен Одбор, сепак на последната седница на Советот, мнозинството на ВМРО-ДМНЕ ги поништи сите претходни одлуки.

Во царинскиот терминал од средината на летото се набавени автобуси кои чекаат да бидат ставени во функција. Досега на седници на Советот како што обвинија и прилепските социјалдеморкати именувани се двајца директори на јавно претпријатие за градски превоз, формиран е Управен одбор, но потоа одлуките се поништени.

Социјалдемократите обвинуваат за несериозност на локалните власти,за поделби и партиски несогласувања во редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои се на штета илип Попоски, портпарол на СДСМ Прилеп.

илип Попоски, портпарол на СДСМ Прилеп.

на граѓаните.

„Градоначалникот Марјан Ристески за директор на јавното претпријатие за превоз, првично го назначи Методија Томески којшто за кратко време е сменет, а за нов директор е назначен Дејан Насески. И покрај избор на два директори, Управен Одбор кој одржа неколку седници, дефинирање на линии и ценовници, сепак на последната седница на Советот мнозинството на ВМРО-ДМНЕ ги поништи сите претходни одлуки донесени пред тоа за ова новоформирано јавно претпријатие“, изјави Филип Попоски, портпарол на прилепската организација на СДСМ.
Имаме 7 превозни средства, автобуси од кои 5 се наменети за јавен градски превоз, а две се наменети до селата.

Од локалната власт поточно од јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, кое сега има задолжение да го организира градскиот превоз, како одговор на обвинувањата од СДСМ, најави дека ќе стартува најдоцна до март. Директорот, Бранко Нешкоски вели дека целата логистика е поставена, дека кадровските решенија сега се подготвуваат, а сите линиии каде ќе се сообраќа ќе бидат познати Бранко Нешкоски, директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови од Прилеп.

Бранко Нешкоски, директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови од Прилеп.

на следна седница на Совет, што ќе се одржи во фебруари.

„Јавниот градски превоз ќе ја опфати територијата на Општина Прилеп, градот и населените места кои се во склоп на Општина Прилеп. Во моментов во сопственост на Советот на Општина Прилеп, кој ме задолжи со фондот на возила, значи имаме 7 превозни средства, автобуси од кои 5 се наменети за јавен градски превоз, а две се наменети до селата. Имаше тендер, Општина Прилеп ги набави овие 5 автобуси, еден автобус е донација од Владата на Република Македонија и еден автобус имаме добиено од ресорните министерства“, изјави Нешкоски.

Според Нешкоски, јавниот превоз ќе биде организиран во посебен оддел во рамки на претпријатието, со своја независност, којшто во даден момент ќе може да се оддвои и самостојно да функциконира, ако за тоа има потреба.
Инаку Општина Прилеп со 58 населени места опфаќа површина од 1194 километри, и речиси 80.000 жители.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG