Достапни линкови

logo-print

Охридската опозиција со забелешки за двокатниот автобус


Охридската опозиција критикува дека двокатниот туристички автобус не е соодветно испланиран по трасата по која треба да се движи. Од Јавното претпријатие Билјанини Извори во Охрид најавуваат реорганизација на неговото користење веќе наредната туристичка сезона.

Владиниот двокатен автобус наменет за Охрид засега не ги дава посакуваните ефекти, реагира охридската опозиција. Според нив, автобусот не е соодветно испланиран по трасата по која треба да се движи. Од Јавното претпријатие Билјанини Извори во Охрид најавуваат реорганизација на неговото користење веќе наредната туристичка сезона.
Нашите патишта онаму каде што водат најатрактивните археолошки и културни и природни локации не се погодни за тој автобус. Тој автобус не може да влезе во стариот дел на градот и не може да поминува по тунелите низ нерасчистената траса. Јас се надевам дека до наредната туристичка сезона ќе се создадат потребните услови. И тогаш бевме скептични за смислата на еден таков поклон.

Според опозиционите претставници во охридскиот совет, двокатниот автобус кој требаше да служи за туристичко разгледување на Охрид и културно историските локалитети во градот не бил соодветно испланиран за трасата по која тој требал да поминува. Томислав Тунтев, советник од СДСМ, вели дека тој автобус воопшто не може да влезе во стариот дел на Охрид.

„Нашите патишта онаму каде што водат најатрактивните археолошки и културни и природни локации не се погодни за тој автобус. Тој автобус не може да влезе во стариот дел на градот и не може да поминува по тунелите низ нерасчистената траса. Јас се надевам дека до наредната туристичка сезона ќе се создадат потребните услови. И тогаш бевме скептични за смислата на еден таков поклон“, рече Тунтев.
Интересот морам да кажам дека не беше на големо ниво. Дали е тоа поради туристичката сезона, не би можел да кажам, можеби е поради начинот на кој ние одлучивме да стопанисуваме. Мислам дека ќе треба да се отвори линија според која ќе работи тој автобус за да може да биде максимално искористен и за да може граѓаните да добијат плус услуга во однос на одење или враќање од плажи. Ќе видиме како понатаму. Сега ги согледуваме параметрите и ќе понудиме до локалната самоуправа што според нас треба да се направи па ќе видиме.

Дејан Блажески, советник од ЛДП, вели дека сè што е во интерес на туризмот ќе поддржат и очекува дека владиниот подарок за Охрид ќе почне да функционира.

„Мене ми е малку смешно да аплаудираме на автобус, кога луѓето одамна се качија на Месечина, а ние се возиме со тој автобус. Поддржувам сè што може да го промовира туризмот. Јас имам голема желба тој автобус да профункционира, иако не го собира на мостот кон плажите“, вели Блажевски.

Директорот на Јавното претпријатие Билјанини Извори, Иван Цветковски, под чија надлежност сега е двокатниот автобус, вели дека интересот за него досега не бил на високо ниво.

„Интересот морам да кажам дека не беше на големо ниво. Дали е тоа поради туристичката сезона, не би можел да кажам, можеби е поради начинот на кој ние одлучивме да стопанисуваме. Мислам дека ќе треба да се отвори линија според која ќе работи тој автобус за да може да биде максимално искористен и за да може граѓаните да добијат плус услуга во однос на одење или враќање од плажи. Ќе видиме како понатаму. Сега ги согледуваме параметрите и ќе понудиме до локалната самоуправа што според нас треба да се направи па ќе видиме“, рече Цветковски.

Цветковски вели дека автобусот нема проблем со трасата на движење. Јавното претпријатие со цел поголем интерес за панорамскиот автобус ја намали цената за негово користење. Сепак туристичките работници од Охрид сметаат дека панорамскот двокатен автобус може да претставува убава атракција, но треба добро да се испланира неговото користење. Велат дека до почетокот на наредната сезона има доволно време тоа да се направи.
XS
SM
MD
LG