Достапни линкови

logo-print

Воз - влези ако можеш... или ако дојде


Железничка станица Битола.

Железничка станица Битола.

Незадоволни работници, неисплатени плати, работење со загуби, бележат Македонски железници. Деновивe граѓани блокираа возови, незадоволни од односот на Железници. Во истовреме со овие случување, на телевизиите интензивно се емитува рекламната кампања „Возете се со воз“. Сакаме, би рекле зајадливите, ама го нема.

Во цивилизираниот свет доцнењето на возовите се мери со штоперица, а кај нас со календар. Иако, оваа шега често се раскажува меѓу нервозните патници на кои им доцни превозот, испадна дека не е само шега. Вечерниот воз од Битола до Скопје, што тргнува во 18:35 часот, а треба да пристигне во Скопје околу 22 часот, во средата задоцни со пристигнување за еден календарски ден. Поаѓањето на возот од Битола доцнеше повеќе од два часа, па така наместо во среда вечерта, возот пристигна во Скопје половина часот по полноќ, односно во четврток рано наутро.
И минатиот пат се случи истото, доцнеше возот, толку, со возови повеќе си немам работа.

Патниците на битолската железничка станица не беа особено револтирани од доцнењето. Се чини оти се навикнале.
Железничка станица Битола.

Железничка станица Битола.


„Во 8 ќе дојде? Кој го знае дали ќе дојде.“

„Првата информација е дека во 20 часот треба да стигне овде, сега понатаму како ќе биде не знаеме. Ама штом дојде, ќе замине за Скопје.“
И минатиот пат се случи истото, доцнеше возот, толку, со возови повеќе си немам работа.

„И минатиот пат се случи истото, доцнеше возот, толку, со возови повеќе си немам работа.“

„Ако има сабајле, јас со тој ќе си идам, ќе си земам карта за тој.“

„Автобус веќе нема, отишол во 17 и 15 последниот, ама така требало да биде.“
Железничка станица Битола.

Железничка станица Битола.


Оние што живеат поблиску, откако дознаа дека возот ќе доцни најмалку два часа се вратија дома, па повторно дојдоа на железничка половина час пред тргнувањето на возот по „новиот“ распоред.

„Јас си бев дома, два саати се многу, многу се, да седам тука ќе измрзнам, барем вака дома ќе седам.“
Јас си бев дома, два саати се многу, многу се, да седам тука ќе измрзнам, барем вака дома ќе седам.

„Ние дојдовме и се вративме, тука блиску сме, да не сме блиску и ние ќе седиме тука, ќе мрзнеме.“

Поразговаравме и со персоналот на железицата, но никој од нив не сака јавно да зборува за проблемите. Тешки времиња дојдоа, велат, ако видат дека си се жалел „ќе добиеш по уши“. Се жалат и на малите плати, а на прашањето зошто доцни возот, еден од железничарите ми вели:

„Оваа локомотива е стара половина век и да ти кажам право се покажа многу квалитетна. По половина век, нормално е да се расипува, само веќе не се произведуваат резервни делови, па тешко се поправа“, вели покажувајќи кон дизел локомотивата, популарно позната како „Кенеди“.
Оваа локомотива е стара половина век и да ти кажам право се покажа многу квалитетна. По половина век, нормално е да се расипува, само веќе не се произведуваат резервни делови, па тешко се поправа.

Името на американскиот претседател покажува во кое време е произведена локомотивата.
Железничка станица Битола.

Железничка станица Битола.


Ако возот нема проблеми и ако се тече во најдобар ред, од Скопје до Битола, растојание од речиси 180 километри, се патува повеќе од 3 ипол часа. Колку за споредба, со воз од Прага до Братислава, по пруга долга речиси 400 километри, се патува помалку од четири часа. За Кина ич муабет да не правиме, Кина го има најбрзиот воз на светот кој се движи со 394 километри на час! Слични железнички линии има во Јапонија, во Германија и во Франција, но возовите по нив се движат со просечна брзина од 277 километри на час.

Кај нас, пак, возот застанува на станици како градски автобус со број 23 – на секои 3 минути. Дополнително, пругата на одредени места има ограничувања на брзината на 50 километри на час, а на некои и помалку. Максималната брзина на пругата е 100 километри на час.

„Не е до локомотивата. Ако е стара, таа може да влече и побрзо, но пругата толку дозволува“, велат моите соговорници.

Да се вратиме на возот од Битола за Скопје. По двочасовното мрзнење на железничката станица, која е една билетарница отворена од двете страни и без никакво греење, возот беше дочекан како спасител од неколкуте десетини патници, кои побрзаа да се стоплат, но ете уште една беља – во возот немаше греење, па луѓето се туткаа едни во други во купеата за да се стоплат.

„Битно е да се качиме и да тргнеме, ај јас до Богомила до 10 ќе бидам дома, а вие за Скопје на полноќ ќе стигнете“, вели еден патник.
За велешани нема место во возот, ја блокираа пругата

Истиот ден, само утрото, незадоволни патници во Велес го блокираа утринскиот воз од Битола за Скопје со кој патуваат на работа во главниот град. Тие се жалат дека во возовите во кои секојдневно патуваат немаат место ниту за стоење, зашто возот во Велес доаѓа преполнет од Битола и од Прилеп. Велешани блокираа пет возови и во четвртокот утрото. Како што јави дописникот на телевизијата Канал 5 од Велес, во четврток во 5:30 наутро околу 150 незадоволни патници блокираа пет воза на железничката станица во Велес незадоволни, од како што велат, понижувачкиот однос на железници кон нив. Блокадата траела повеќе од три часа. Велешани се жалат дека во возовите во кои патуваат секојдневно немаат место ниту за стоење, а незадоволството кулминирало вчера кога три воза воопшто не тргнале од Скопје за Велес, поради што многу од нив кои работат во главниот град чекале со часови за да се вратат дома.
Две години патувам со воз, доцнење секој ден, морам да идам порано со возот за да не доцнам, оти ако доцнам ќе ме избркаат, сега се е приватно.

„Две години патувам со воз, доцнење секој ден, морам да идам порано со возот за да не доцнам, оти ако доцнам ќе ме избркаат, сега се е приватно.“

„Патниците кога ќе влезат внатре, стари, инвалиди сите стојат. Овој револт, овој бунт е затоа што нема место за седење или стоење.“
Картата ја покачија на 2.050 денари месечна од Велес до Скопје, што е за половина поскапо а возови нема.

„Картата ја покачија на 2.050 денари месечна од Велес до Скопје, што е за половина поскапо а возови нема. “

„Место нема никакво, услови нема никакви, а велат има две класи, се прашувам кои две класи.“
Железничка мрежа во Македонија.

Железничка мрежа во Македонија.


Раководството на Македонски железници се обиде да ја смири ситуацијата со тоа што за вчера најави дека незадоволните патници од Велес ќе може да се сретнат со нив и да се обидат да најдат начин да ја подобрат ситуацијата.
Мора прво да се направат инвестиции и во инфраструктурата и во делот на транспортот, за да може АД Транспорт да се справи со конкуренцијата, затоа што во моментот не може да се справи со идната конкуренција.

Ако вечерниот воз од Битола задоцнеше уште малку и тој можеше да биде меѓу блокираните возови во Велес, па наместо во Скопје да стигнеме во 22 и 30 во среда, можеше лесно да стане 10 наутро во четврток.

Во истовреме со овие случување, на телевизиите интензивно се емитува рекламната кампања „Возете се со воз“. Зајадливите би рекле, сакаме, ама го нема.

Цените се зголемуваат, патниците се намалуваат
Железничка станица Прилеп.

Железничка станица Прилеп.


Цените на билетите во патничкиот железнички сообраќај во земјава пред некое време се зголемија во просек за околу 50 отсто. Причина за поскапувањето, според Железница, се зголемените цени на нафтата и на струјата. Цели 17 години Македонски железници возеле со иста цена, бидејќи последен пат промени на цената имало во 1995-та година.
Се одвива со потешкотии со тоа што од машиновозачите се бара да дојдат предвреме на работа, да останат повеќе од тие саати што е предвидено да работат, праксата покажува дека не е оправдана одлуката што се донесе за принудни одмори.

Минатата година воздухопловниот и патничкиот сообраќај забележале раст, додека Железницата, како по обичај чека подобри времиња за прогрес, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците на Заводот, во железничкиот превоз се бележи стагнација кај бројот на превезена стока и намалување на бројот на луѓе кои патуваат со воз, особено во меѓународниот сообраќај. Според статистичарите, во четвртиот квартал од 2011 година се превезени 355 илјади патници, што е за 8,7 отсто помалку во однос на истиот период од 2010 година, а во истиот период се забележува и пад од 1,1 отсто во товарниот транспорт каде се превезени вкупно 2.770.000 тони стока. Минатата година со воз патувале еден милион и 421 илјада граѓани, што е за околу 1,3 отсто помалку во споредба со 2010 година.

Вработените на принуден, либерализацијата ќе почека
Инфраструктурата е во очајна состојба и возовите не можат да одат со поголема брзина од 40 до 50 километри на час. Локомотивите, патничките и товарните вагони се во очајна состојба, нема пари за одржување на возовите и за редовни плати на работниците.

Незадоволни работници, неисплатени плати, работење со загуби, бележат Македонски железници. Иако државата своевремено спроведе одредени трансформации со цел нивно поефикасно работење, работите не испаднаа баш на добро. Од Железници велат дека претпријатието многу одамна се соочува со проблеми и покрај трансформацијата направена во 2004 година која ги одвои претпријатијата МЖ Инфраструктура и АД Транспорт.
Дизел-локомотива „Кенеди“ на железничката станица во Скопје.

Дизел-локомотива „Кенеди“ на железничката станица во Скопје.


Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави мерки за штедење во железничкиот сектор и измени на Законот за железничкиот систем со кои во Македонија не може да влезе нов железнички оператор се до влезот на земјава во Европската унија.

„Мора прво да се направат инвестиции и во инфраструктурата и во делот на транспортот, за да може АД Транспорт да се справи со конкуренцијата, затоа што во моментот не може да се справи со идната конкуренција“, вели Јанакиески.

Како дел од мерките за штедење во железничкиот сектор се набавката на нови штедливи локомовиви и пуштање на принуден одмор на 600 вработени.
Партијата на пратеникот Николов ги остави Македонски железници во долгови од над 124 милиони евра. Во овие неколку години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, повеќе од половина од долгот е вратен. Во време на СДСМ, во периодот 2004-2005 година од Македонски железници беа отпушени 750 вработени.

Од Синдикатот на МЖ Инфраструктура апелираат до Владата да си најдат друга мерка и да се почитува договорот вработените да ротираат при одењето на принуден одмор.

„Нека си најде Владата решение што ќе прави понатаму, дали преку субвенции, дали со воведување нов оператор. На последната средба со министерот за транспорт, тој рече дека сите работници ќе ротираат, од директор до чистачка, но не знам зошто вака излезе“, вели Марјан Ристевски од Синдикатот на МЖ Инфраструктура.

И од Независниот синдикат на машинскиот персонал во Македонски железници велат дека не добиле одговор која е оправданста за потегот да се испраќаат работници на приниден одмор. Претседателот на независниот синдикат, Ристо Пејовски вели дека има последици од тоа што работниците се на принуден одмор.

„Се одвива со потешкотии со тоа што од машиновозачите се бара да дојдат предвреме на работа, да останат повеќе од тие саати што е предвидено да работат, праксата покажува дека не е оправдана одлуката што се донесе за принудни одмори.“

Друг проблем е тоа што ако веќе има потреба од принудни одмори, тоа треба да биде истакнато колку време, во кој период од годината ќе се оди, а не апансас да им се кажува на машиновозачите, затоа што сето тоа влијае на нивната психолошка состојба.

„Навистина е тешко, денеска возам, а по телефон ми јавуваат од раководството и ти викаат од утре ти не си на работа, ќе бидеш на приниден одмор.“

На најавите дека нема да се дозволи либерализација на Железницата реагираа дел од фирмите кои чекаат влез на македонскиот пазар, како што е на пример, Словенечки железници и чешки Локо Транс.

„Може да се случи најавените количини на стока од солунското пристаниште, кои се планираат од кинески инвеститори да се увезуваат во Европа, може да ја заобиколат Македонија и да завршат во ЕУ, преку Бугарија, Романија и Унгарија“, вели Дејан Трпески од Локо Транс, со седиште во Чешка.

Од Словенечки железници, понудија да помогнат во целата ситуација со тоа што ќе го пренесат искуство во подобрување на конкурентноста, како и помош при рационализација на трошоците.

Но и покрај забелешките од странските фирми, Јанакиески остана на ставот дека нема либерализација на железницата. Според него, на ваков начин ќе се заштителе стотици вработени во компанијата кои со влезот на нови оператори биле под закана да останат без работа.

Партиите се обвинуваат, железница тоне

Да не останат покусо во целата приказна за Железница се вклучија и партиите. За СДСМ, лошата состојба во железничкиот сообраќај е резултат на погрешни политики, лошото раководење и непотребни партиски вработувања. СДСМ оценува дека Македонија може да остане без железнички сообраќај ако и понатаму се продолжи со таквите практики.

„Инфраструктурата е во очајна состојба и возовите не можат да одат со поголема брзина од 40 до 50 километри на час. Локомотивите, патничките и товарните вагони се во очајна состојба, нема пари за одржување на возовите и за редовни плати на работниците“, вели пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов.

За надминување на состојбите во МЖ, СДСМ предлага МЖ-Транспорт и ЈП МЖ - Инфраструктура да се обединат во холдинг компанија, да се изготви единствена транспортна политика во државата, како и да се набават нови патнички и товарни вагони, нови локомотиви, електромоторни и дизел-моторни гарнитури, за да се зголеми бројот на патници и значително да се намалат трошоците за гориво.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека СДСМ не треба да обвинува за лошите состојби во Железница, бидејќи тие самите се виновни за хаосот во претпријатието и за милионски долгови.

„Партијата на пратеникот Николов ги остави Македонски железници во долгови од над 124 милиони евра. Во овие неколку години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, повеќе од половина од долгот е вратен. Во време на СДСМ, во периодот 2004-2005 година од Македонски железници беа отпушени 750 вработени“, вели Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие препукување за состојбата во која се наоѓа железницата доаѓаат на 140 години од кога тргнал првиот воз од македонска територија. Првата железничка пруга на територијата на Македонија е направена во 1873 година, кога е воспоставена железничка врска меѓу Солун и Скопје со Ориенталната железница (CO - Chemins de fer Orientaux). Пругата од Солун до Миравци е направена во 1872 година, а потоа по фази е градена пругата од Мирваци до Криволак, па од Криволак до Велес и летото 1873 година е пуштена пругата Велес-Скопје. Наредната 1874 година, Скопје се поврзува со Косовска Митровица. Пругата Солун-Битола, пак, почнала да се гради во 1891 година, а била завршена во 1894 година. Во 1911 година, султанот Мехмед V Решад со воз пристигнува во Битола, настан кој е овековечен со камерата на браќата Манаки.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG