Достапни линкови

Иванов не оди во Сочи


Ѓорге Иванов

Ѓорге Иванов

Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Сочи е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите. Од Кабинетот на Претседателот потврдуваат дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но оти тоа не се случило поради дефект. Како што беше најавено, претседателот Иванов требаше да присуствува на отворањето на 22. Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во рускиот град Сочи, од каде требаше да замине за Москва. Од Кабинетот информираат дека Иванов, сепак со редовна линија ќе отпатува за Москва.
XS
SM
MD
LG