Достапни линкови

Ташковски и Андоновски – добитници на наградите „Ацо Шопов“ и „Стале Попов“


Братислав Ташковски и Венко Андоновски.
Братислав Ташковски и Венко Андоновски.

Братислав Ташковски за стихозбирката „Лоши песни“ и Венко Андоновски за романот „Ќерката на математичарот“ се добитници на наградите за поезија „Ацо Шопов“ и за проза „Стале Попов“ што ги доделува Друштвото на писателите на Македонија за книги објавени во текот на изминатата година.

Пишувањето поезија е прекрасна, но и сложена и многу тешка работа– ќе забележи Братислав Ташковски непосредно по соопштувањето на одлуката на жири комисијата дека тој за својата стихозбирка „Лоши песни“ (издание на „ПНВ Публикации“) е добитник на наградата за поезија „Ацо Шопов“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Ташковски дополнува дека иако ова нему му е петнаесетта поетска книга, „се уште се воздржува да каже дека е писател или поет и смета оти самиот, всушност, го пишува, или поточно препишува, она што му се случува во животот“.
Поезијата не се пишува. Поезијата се живее и така се создава. Животот е индивидуална категорија, а убавините на поезијата се вечни.
Братислав Ташковски, поет.

„Што да се каже за поезијата во контекст на насловот на оваа книга „Лоши песни“. Сите ние минуваме низ еден таков период од својот живот. Бранко Миљковиќ, пред педесет и кусур години рекол: Поезија можат да пишуваат сите. Без разлика дали знаат да го прават тоа или не. Меѓутоа поезијата не се пишува. Поезијата се живее и така се создава. Животот е индивидуална категорија, а
убавините на поезијата се вечни“, вели Ташковски.

Во образложението за ваквата одлука што го потпишуваат поетите Зоран Анчевски, Иван Џепаровски и Гордана Михајловска Бошњаковска како претседател, стои дека „на судбината и на неминовностите што таа ги носи,
Овој експеримент со две книги на читателот треба да му пренесе само една порака, а тоа е дека секогаш има поширок контекст во кој што треба да ја исчитате сопствената судбина, сопствениот живот и сето она што ви се случува и ви изгледа целосно јасно.
Венко Андоновски, писател.
авторот во оваа книга и ја спротивставува песната - поезијата, како судбина на поетот. Содржините во оваа збирка понесуваат до длабока интимност, која кореспондира со секојдневието и неговите настани во животот на поетот. Тој влегува во него, за да го преточи, во една - на места суптилна и на места горчлива суштина...“

На конкурсот за наградата „Ацо Шопов“ пристигнале 24 објави од минатогодишната продукција, а во најтесниот избор влегле и збирките поезија „Куфери“ на Марина Мијаковска, „Животот под ѕвездите“ на Елена Пренџова и „Нашата приказна“ на Виолета Танчева-Златева.
Од друга страна, романот „Ќерката на математичарот“ на Венко Андоновски ( издание на „Табернакул“), според жирито во кое беа Ермис Лафазановски, Тодор Чаловски и Драги Михајловски, се издвоил меѓу 14-те прозни книги пристигнати на конкурсот со „својата двојна оригиналност - формална - како уникатен експеримент - книга во книга, и содржинска - вештата нарација, успешно вметнување на филозофска, религиозна и епистемиолошка идејна рамка“.

Андоновски, кој наградата „Стале Попов“ ја има добиено и пред 13 години за „Папокот на светот“, вели дека признанијата од еснафот му се посебно драги и му значат почит зашто покрај мислењето на читателите, важно му е и што мислат и неговите колеги-писатели. Тој истакнува дека со оваа книга, всушност, го заокружува и циклусот на дуалитет присутен во последните три романи и збирката раскази, а кој во случајов кулминира и со физичко-графичкото одделување на една книга од друга.

„Комплетната смисла се добива дури тогаш кога ќе ги прочитате двете и не случајно тие имаат еден заеднички крај. Поентата на целиот овој графички експеримент, знаете тоа е целофан и јас сум свесен за тоа, е дека ние сите, како постмодерни луѓе, играме една ролја, живееме еден натарив, но не ја гледаме пошироката книга, не ја гледаме целината. Нашите животи добиваат смисла само кога ќе се вклопат во некој поширок наратив, во некоја поширока приказна.
Овој експеримент со две книги на читателот треба да му пренесе само една порака, а тоа е дека секогаш има поширок контекст во кој што треба да ја исчитате сопствената судбина, сопствениот живот и сето она што ви се случува и ви изгледа целосно јасно. Ќе добие друга смисла кога малку поинаку ќе се погледне на нештата“, вели Андоновски.

Инаку, во најтесен избор за наградата за најдобро прозно дело за 2013 година биле и романот „Јадица“ на Владимир Плавевски и збирката раскази „Пристапната беседа на академик Сисое“ на Блаже Миневски.
Кон ова само уште информацијата дека Друштвото на писателите на Македонија во петок ќе ги објави и добитниците на годишните награди за есеи и критика „Димитар Митрев“, за литература за деца „Ванчо Николески“ и наградата „Книжевен мост“ која се доделува за најдобро литературно дело објавено на јазиците на заедниците во нашава земја.
Признанијата на сите лауреати ќе им бидат врачени на 13 февруари на свеченост по повод годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG