Достапни линкови

„Корпоративно утро“- хаику на Васко Марковски


„Корпоративно утро“ е насловена книгата хаику поезија на Васко Марковски со која авторот ја започна серијата промотивни мултимедијални перформанси по Македонија. На почетокот од јули беше во Крива Паланка на целогодишната манифестација „Град на културата“, потем на првиот фестивал за процесирање култура „Дрим-он“, а минатата недела настапи и на „Ноќ без интерпункција“ на 52-то издание на Струшки вечери на поезијата.

Васко Марковски ни го носи градот во собата, собата ја вдомува на балконите, балконите живеат во саксиите, а тие во корењата на липите. Патува за да се сети дека постојат нешта што засекогаш остануваат на исто место – низ улиците или во детството. Секое негово хаику по читањето носи тишина – во вид на насмевка, различна од оние фотографските, или поглед во далечина, различен од оној на портретите во семејните стебла. И само така личното време ја победува историската глад за вечност.
Промоцијата на моите стихови спонтано уште од првиот настап тргна накај некакво експериментирање. Избегнувам класична форма на говоранција и читање испреплетено. Тој настап на Струшките вечери на поезија беше комбинација од ударен инструмент деф и читање хаику. „Корпоративно утро“, откако го добив во ваква опиплива форма како книга, сфаќам една работа. Бев во дилема дали да го давам во продажба или не. Трошоците му се покриени секако. Можам спокојно да земам примерок и да дадам на некого кому сметам дека ќе му значи тоа и дека ќе ја отвори и ќе најде нешто за себе.

Ова ќе го запише во рецензијата за „Корпоративно утро“ на Васко Марковски поетот Никола Маџиров.

Владимир Мартиновски, пак, на кориците од оваа книга ќе забележи дека „доколку има трошка вистина во мудроста дека денот по утрото се познава, тогаш ракописот ветува прекрасни творечки денови на неговиот автор“.

Впрочем, не случајно, тој со својата тамбура и со Ангелко Јовчевски – Гече зад тапаните, на еден поинаков, мултимедијален начин, како „Васко Марковски експириенс“ ќе и дадат поинакви бои на „Ноќта без интерпункција“ на штотуку завршените Струшки вечери на поезијата. А, сето тоа како продолжение на започнатата промотивна приказна во која е вклучен и артистот, промотор и перкусионист Круме Стефановски (од составот „Старовски“ и „Свирци из Кавадарци“), а во која дополнително ќе влезат и многу други пријатели и собеседници на авторот.

Како калап на мојот израз го најдов хаикуто како една форма која што ми даваше оддишка по пишувањето долги серијали репортажи и наративни текстови кои што беа некаде 120 реда. Пишувајќи такви текстови со години барав нешто што ќе ме одмори во мала форма. Од друга страна тоа беше некаков експеримент за да си ја олеснам работата во пишувањето долги текстови – како да ги искристализираш мислите и работите да ги кажеш во малку.
„Промоцијата на моите стихови спонтано уште од првиот настап тргна накај некакво експериментирање. Избегнувам класична форма на говоранција и читање испреплетено. Тој настап на Струшките вечери на поезија беше комбинација од ударен инструмент деф и читање хаику. „Корпоративно утро“, откако го добив во ваква опиплива форма како книга, сфаќам една работа. Бев во дилема дали да го давам во продажба или не. Трошоците му се покриени секако. Можам спокојно да земам примерок и да дадам на некого кому сметам дека ќе му значи тоа и дека ќе ја отвори и ќе најде нешто за себе. Тоа ме враќа на моите почетоци во креативноста кога се изразував преку свирењето музика во бендови и оваа средба со Круме Стефановски во Крива Паланка беше после долго време наш заеднички настап. Одличен одглас имаше кај луѓето. И како необична форма хаикуто, но и начинот на презентирање кое што интегрираше ударен инструмент, читање поезија и фотографии како слајд-шоу кое што кореспондира со песните“, вели Марковски.

Говорејќи за настанокот на материјалот за „Корпоративно утро“, Марковски вели дека тоа е плод на времето кога и самиот работел во една таква корпорација како дел од медиумскиот субјект на компанијата.

„Многу ме потсетуваше сето тоа на Густав, херојот од цртаните филмови од некои дамнешни времиња, со она импекс од 21 век, море од луѓе доаѓа на работа во сивило и си заминува во сивило. Ме заинтригира корпоративноста како еден феномен којшто се повеќе ни се случува и во нашето општество и во совремието во кое што минува нашиот свет денес како еден амбиент кој што рапидно придонесува за отуѓување на луѓето, оној синдром „куќа – посо“ што го нарече еден лик од Јутјуб. Како калап на мојот израз го најдов хаикуто како една форма која што ми даваше оддишка по пишувањето долги серијали репортажи и наративни текстови кои што беа некаде 120 реда. Пишувајќи такви текстови со години барав нешто што ќе ме одмори во мала форма. Од друга страна тоа беше некаков експеримент за да си ја олеснам работата во пишувањето долги текстови – како да ги искристализираш мислите и работите да ги кажеш во малку“, вели Марковски.

Тој дополнува дека хаикуто го открил преку турскиот поет Орхан Вели кој оваа форма во поезијата на својот народ ја вовел на почетокот од 20 век.

„Подоцна во Скопје ми се појави едно од книгичињата на Владимир Мартиновски Марта, а „книгичиња“ ги нарекувам затоа што беа во формат помал од кутија цигари и беа многу симпатични бидејќи на толкацки страничиња – кажано сè во три стиха. И почнав да си играм. Научив нешто, просурфав теорија на хаику и видов отприлика која е идејата, која е формата и започнав да се занимавам. Предизвикот за мене беше да избегам од традиционалното хаику и од мотивите на традиционалното хаику и да го најдам хаикуто во оваа наша атмосфера на корпоративност, раздвиженост, бетонизација и така се создаде овој циклус од некаде 118 песни колку што испаднаа вкупно. Ми беше потребна храброст да се отворам, да ги споделам со некого и фала му на Бога, тука беше Владимир Мартиновски со кого што сме пријатели по рокенрол одамна. Нешто му подадов, ме охрабри дека сум на добар пат и уште поголемо беше изненадувањето кога ме покани да настапам со мое хаику на едно хаику читање на штандот на Струшки вечери на поезијата на Саемот на книга во Скопје. Многу бргу после тоа следуваа и 50-те Струшки вечери на поезијата каде што настапив и на мое огромно пријатно изненадување видов дека мои стихови се објавени во еден панорамски преглед што излезе „Нов македонски хаику бран“, раскажува Марковски.

Распнат помеѓу своите големи пасии – поезијата, музиката, фотографијата – Марковски настојчиво верува дека доаѓа времето кога луѓето се посилно ќе му се обраќаат на зборот.

„Мислам дека доаѓаме во ситуација кога луѓето од нашето општество сè повеќе доверба ќе наоѓаат за нови идеи, за пренесување на некаков глас, некакво размислување во книжевноста. Сè повеќе доверба ќе имаат во авторите како писатели, музичари кои што пишуваат текстови. Сè повеќе на тој начин ќе бараат огледало на своите размислувања, некаков репер за да си ја проверат својата мисла“, вели Марковски.

Притоа, тој не заборава да потсети дека новите медиуми можат да бидат драгоцената алатка во промовирањето на поезијата, литературата, на уметноста воопшто.

„Само треба човек да внимава да не презасити со себе си кај луѓето на кои што им се обраќа. Сум паѓал во тие стапици и секој може да падне во нив – да се предозира себе си затоа што гледајќи ги социјалните мрежи ќе сретнете хиперпродуктивност во постови, во разно-разни пројави на некоја личност и лесно е да паднете во таквата стапица. Овојпат, значи, социјалните мрежи се една голема алатка за која што сме можеле да сонуваме пред 20-тина години. Сега имаме за без пари многу моќно орудие“, вели Марковски.

Во септември Васко Марковски планира „Корпоративно утро“ да ја промовира во Скопје и во Гевгелија, а потем и натаму ќе ја бара формата на објавување за својот хаику дневник.

„2012 година целата ја поминав пишувајќи хаику-дневник – 365 епизоди кои што ги комбинирав со фотографии. И сега тоа е еден паркиран кој што чека по ова „Корпоративно утро“ некаква форма на објавување освен она што беше објавено како секојдневни епизоди на порталот „Добри вести.мк“, вели Марковски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG