Достапни линкови

20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Русија


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Русија Никола Попоски и Сергеј Лавров, денеска разменија писма во контекст на одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, соопшти од МНР. „Ценам дека 31 јануари 1994 година е датум кој е трајно врежан во историјата на односите меѓу двете држави, бидејќи на тој ден, во еден исклучително сложен период низ кои минуваше нашата земја, Русија безрезервно ја поддржа независноста на Македонија, и тоа под нејзинотот уставно име, посочува министерот Попоски. Во писмото на Лавров пак, стои: „Русија и Македонија ги врзува сличноста на ставовите во однос на клучните прашања на глобалната, европската и регионалната агенда кои се базираат на темелните принципи на меѓународното право.“
XS
SM
MD
LG