Достапни линкови

Пакистан:шест деца разнесени од експлозивна направа со која си играле


Полицијата во северозападниот дел на Пакистан соопшти дека шест деца загинале очигледно разнесени од експлозивната направа со која си играле. Меѓу мртвите деца пет биле момчиња и едно девојче. Овој месец едно монче загина откако се најде во близина на бомбаш самоубиец кој се обидел да го нападне неговото училиште. Регионот во кој загинаа децата се наоѓа во близина на границата со Авганистан и се користи како база за напади од исламистичките милитанти.
XS
SM
MD
LG