Достапни линкови

logo-print

Граѓаните се воздржани и многу не веруваат во врска со големите партиски ветувања за повисоки плати и вработувања. Велат, очигледно ќе има избори.

Мерките за социјална политика од партиските програми што ги претставуваат партиите за граѓаните претставува индикатор дека ќе има избори. Се спремаат за избори, инаку зошто дури сега интервенираат и дали со меркиве политичките партии конечно видоа дека граѓаните беа на маргините од нивните програми, велат некои од нив.
Тоа покажува дека секој се бори за власт. Можеби ветувањата се малку претерани, тие нема се да исполнат, ама 50 отсто да исполнат ќе биде доволно.

„Тоа покажува дека секој се бори за власт. Можеби ветувањата се малку претерани, тие нема се да исполнат, ама 50 отсто да исполнат ќе биде доволно.“

„Премногу ветуваат, што ли уште не! Ќе зголемуваат пензии, плати, вработени, ама нема успех.“

„Јас не им верувам за ништо од ветувањата, затоа што има и внук и внука 5 години не се вработени, се уште нема никакво решение и затоа не верувам, без татко се, со една плата од 10 илјади живее мајка им и можете да замислите само како им е.“

Мерките во кои се наведува дека покачување на минималната плата во наредните три години од 8 илјади денари на 10 илјади денари, зголемување на платите во администрација за 5 проценти од
Сигурно дека го има тој ефект, но мислам дека во последниве месеци некако да спласнува тој ентузијазам дека се она што се ветува на таков начин е објективно остварливо.
септември, етапно усогласување на платите во полицијата, нови вработувања во Армијата, предизвика воздржани реакции и меѓу социолозите. Тие велат дека ветувањата се финале на процесот кој води кон избори, меѓутоа имаат дилема да кажат до кој степен она што е ветување може да влијае врз определувањето на граѓаните. Опозицијата во своето претставување на програмата исто така вети минималната плата во Македонија од 450 евра и вети усвојување закон за стечајци во првите 100 дена од нивната влада.

Тоа е повеќе психолошка ситуација на тие што се борат на власт, а кој ќе биде ефектот врз граѓаните зависи од повеќе фактори, вели социологот Илија Ацески.

„Сигурно дека го има тој ефект, но мислам дека во последниве месеци некако да спласнува тој ентузијазам дека се она што се ветува на таков начин е објективно остварливо. Настанува една ситуација која се истргнала од самата реалност и се сели во битката на политичките партии и така го губи своето реално значење“, вели Ацески.

Меѓу разгледуваните прашања од социолозите е и улогата на медиумите во кампањите. Клучно е какво ќе биде известувањето на медиумите, а тоа е поврзано со слобода на медиумите и нивното финансирање, нагласува Ацески.

„Борбата за медиумските простор е таква, ќе определи каков ефектот за самото ветување, кој е тој ефект? Ако не му го дадат медиумското значење исто како да не постои“, вели Ацески.

Се уште не е познато како медиумските кампањи ќе влијаат врз определувањето на граѓаните, но дел од нив велат дека се помалку им веруваат по најновите црни кампањи што партиите почнаа да ги водат едни против други за злоупотреби на функциите и нелегалното богатење.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG