Достапни линкови

Во Србија уапсени двајца поради убиството на новинарот Чурувија


Славко Чурувија

Славко Чурувија

Поранешните вработени во српската Служба за државна безбедност Ратко Ромиќ и Милан Радониќ денеска се уапсени под обвинение дека учествувале во убиството на новинарот Славко Чурувија. Според белградските медиуми, Ромиќ и Радониќ, заедно со поранешниот шеф на Државната безбедност Радомир Марковиќ и оперативецот Мирослав Курак се осомничени за убиството на Чурувија во Белград на 11 април 1999 година. Истрагата е насочена кон собирање докази дали Марковиќ наредил убиство на Чурувија по налог на Мирјана Марковиќ, сопруга на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.
XS
SM
MD
LG