Достапни линкови

Мировни разговори во Јужен Судан


Владата и бунтовниците во Јужен Судан се подготвени да ги започнат официјалните мировни разговори во Адис Абеба, главниот град на соседна Етиопија. Очекуваниот почеток на долгоодложуваните преговори доаѓа по ноќта на борби кои птинудија многу цивили да бегаат кон главниот град на Јужен Судан. Разговорите во Адис Абеба се со цел да се стави крај на тринеделните борби кои оставија илјадници мртви во најновата држава во светот. Во борбите, бунтовниците запленија неколку области богати со нафта во северниот дел од земјата. Конфликтот е меѓу воените единици лојални на претседателот Салва Кир и слабата Алијанса на етнички паравојски и воени команданти предводени од Махар, поранешен потпретседател кој беше избркан во јули минатата година.
XS
SM
MD
LG