Достапни линкови

Најмногу илегални имигранти во ЕУ доаѓаат преку Балканот


Најголемиот број на имигранти се обидуваат да стигнат во Европа и натаму преку балканските држави, изјави директорот на Службата за работа со странци во Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, Драгиша Мектиќ.

Тој предупреди дека во изминатите години петпати се зголемил бројот на „илегалци“, кои преку балканските земји се обидуваат да стигнат до земјите-членки на Европската унија.

Мектиќ наведе дека според оперативните податоци илегалните имигранти претходно се движеле преку Србија до Унгарија, но сега најважна рута е преку Бугарија и Србија кон Хрватска.
XS
SM
MD
LG