Достапни линкови

САД загрижени дека Москва распоредувала ракети


Сад изразија загриженост по извештaите дека Русија распоредува ракетен систем во нејзиниот западен регион кај границата со Полска и Литванија. Стејт Депртментот наведеа дека Вашингтон ја повикал Москва да не го дестабилизира регионот. Ова го кажа портпаролот Мари Харф откако Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека со распоредувањето на ракетите Искандер со краток дострел во западниот дел на земјата Москва не ги крши меѓународните договори. Полска и трите Балтички држави во понеделникот алармираа дека ракетите може да бидат распоредени во близина на нивните граници. Русија долго време се закануваше дека ќе распореди проектили во регионот Калининград како контрамерка на планираниот американски ракетен одбранбен систем.
XS
SM
MD
LG