Достапни линкови

Корупцијата ги прави Германците претпазливи инвеститори


Корупцијата е проблем и во вашата земја. Германците се многу претпазливи со оваа работа затоа што многу се казнува во Германија ако ги правите тие работи, вели Хато Бренер, германски консултант за извоз и претседател на Европската асоцијација на средни претпријатија.

Како ги оценувате германско македонските бизнис односи?

Германија увезува околу 30 проценти од вкупниот извоз на Македонија. Значи, Германија е важен трговски партнер на вашата земја, и за увоз и за извоз. Но, многу германски компании се ориентирани кон кон Полска, Чешка, а не кон балканските земји, затоа што дел од Германците сметаат дека балканските држави се малку опасни затоа што до пред десет години имаше војна. Така што имаат лошо чувство за овие земји и особено за вашата земја, за Македонија. Затоа е неопходно таквите луѓе како мене да пробијат пат во Германија, дека има добри компании во
Корупцијата во некои земји не е на ниско ниво, бидете внимателни! И колку што читав за тоа, корупцијата е проблем и во вашата земја. Германците се многу претпазливи со оваа работа затоа што многу се казнува во Германија ако ги правите тие работи.
Македонија, видов добри изгледи. На Германија и требаат контакти со вашата земја, затоа што платите кај вас се многу ниски, платите во Германија се 10 пати повисоки, имате добро образовани луѓе, со добри вештини за производство. Германија е 1200-1500 километри оддалечена од Скопје, не е многу далеку. Така што треба да градиме бизнис-контакти меѓу Македонија и Германија многу повеќе од претходно, за Германците да може да инвестираат тука, да произведуваат тука и да продаваат и да купуваат производи од вашата земја.

Македонската влада често вели дека бизнис климата во земјава е одлична. Каков е впечатокот на германските инвеститори за бизнис климата во Македонија?

Германските компании не инвестираат многу лесно во други држави, тие се многу претпазливи, тие разгледуваат и разгледуваат и пред да инвестираат тие сакаат да изградат бизнис односи и ако работат две или три години, тогаш почнуваат да инвестираат, зборувам за мали и средни претпријатија. Големите компании, како Фолксваген или Сименс, инвестираат стратешки, одат во држави каде што ќе има голем обрт. Мислам дека особено помалите компании треба да инвестираат овде, во индустријата за производство на мебел, во прехранбената индустрија, а не во производството на автомобили и слично. Македонија е мала земја, да инвестираш тука значи дека имаш пристап до 2 милиони луѓе, тие ќе инвестираат во поголема земја каде што ќе имаат пристап до повеќе луѓе.

Каков е вашиот впечаток за македонските компании? Вие сте тука неколку дена и запознавте многу луѓе, па каков е вашиот впечаток, дали се тие доволно конкурентни на големите пазари и што треба да направат за да бидат подобри?

Јас имав само лимитирани контакти, па и лимитирани впечатоци. Од информациите што ги имам за некои компании што се занимаваат со висока технологија, тие имаат добри интернационални контакти. Но, може да ги изброите тие компании на една рака. Вие имате два милиони жители, а во Германија во еден град има по 3 милиони жители, па верувам дека не е лесно да се изградат големи производствени единици. Мислам дека е интересно за нас да добиеме контакти од компании кои имаат ниски плати за производство и кои имаат производи кои што ни требаат како храна, зеленчук и слично. И можеби производи од висока технологија. Има една компанија која ги има тие производи кои ни се потребни во Германија.

Дали тоа значи дека ќе произлезе соработка со таа компанија за која зборувате?

Јас во Германија ќе предложам да ја погледнат Македонија, како интересна земја, со фини луѓе и зошто да не соработуваат со мали компании од тука.

Во вашето предавање претходно спомнавте дека во Германија има 200 илјади Македонци кои работат таму. Каков впечаток оставаат во бизнис секторот?

Дел од нив имаат свои компании, има претприемачи, имаат хотели, имаат ресторани, имаат трговски компании и тие веќе се занимаваат со бизнис и вие треба да ги искористите тие контакти, а дел од нив имаат многу добри контакти со Македонија, бидејќи секој месец праќаат пари за своите деца, за своите родители, за своите семејства. Така што има добра база за контакти, но мора да направиме повеќе, мора да вложиме повеќе.

Дали сте запознаени со аферата Дрисла. Германска компанија се жалеше на неправилно спроведен тендер и кои се последиците од аферата?

Не, не сум запознаен со тоа, но една работа која е пишувана во германските весници и за која Германците се информирани е корупцијата. Корупцијата во некои земји не е на ниско ниво, бидете внимателни! И колку што читав за тоа, корупцијата е проблем и во вашата земја. Германците се многу претпазливи со оваа работа затоа што многу се казнува во Германија ако ги правите тие работи.

Тоа значи дека нема да инвестираат во земјава ако знаат дека корупцијата е на високо ниво?

Да, да тие ќе бидат многу претпазливи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG