Достапни линкови

По странските инвеститори не се трча и моли


Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Наместо да трча и моли странски инвеститори, Македонија мора да изгради систем во кој луѓето нема да доаѓаат заради тоа што владата ќе им дава посебни услови, вели универзитетскиот професор Никола Поповски.

Странските инвеститори сакаме да ги привлечеме со тоа што им тропаме на врата и преговараме со нив, додека останатите земји создаваат услови кои привлекуваат инвестиции, велат упатените кои дополнително забележуваат дека промоцијата на евтина работна сила не им оди во прилог на нашите работници.
Најуспешните земји во светот не се оние кои трчаат и ги молат странските инвеститори да дојдат, туку најуспешни се оние кои создале услови.
Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министерот за финансии.

Екс-министерот за финансии и универзитетски професор Никола Поповски вели дека македонските напори за привлекување на директни инвестиции од надвор не се изолирани.

„Најуспешните земји во светот не се оние кои трчаат и ги молат странските инвеститори да дојдат, туку најуспешни се оние кои создале услови кај кои странските инвеститори доаѓаат
Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг.
Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг.
без воопшто да преговараат со владата заради добрите услови во земјата.“

Меѓу неразвиените земји течат вкупно околу 5 до 6 проценти од странските инвестиции. Тоа е мошне големо ограничување за земјава, смета Поповски, повторно посочувајќи дека не сме
Нормално е кога ќе се намалат правата на долна граница да се нуди работникот со најниска цена на трудот. Вакви работи од страна на власта не треба да се прават.
Дараге Јовановски, синдикален експерт.
единствени во трката за странски капитал.

„Македонија мора да изгради систем во кој луѓето нема да доаѓаат заради тоа што владата ќе им дава посебни услови различно од домашните инвеститори, туку заради тоа што ќе постои економски и политички правен систем по кој тие ќе чувствуваат дека можат да остварат соодветни профити.“

Обесхрабрува и проценката на Обединетите нации дека Македонија е последна во регионот по странски директни инвестиции. Колку и да се „големи“ соседите, стои и податокот дека Косово не има надминато по привлечен странски капитал минатата година. Соседите имаат и дополнителна предност, посочува Поповски.

„Премиерот оди во Романија, таму Кинезите размислуваат на кого во Источна Европа да му дадат некои од сопствените инвестиции кои ги проектирале преку државата, но знаете како е, ние се фалиме дека ако дојдете во Македонија ќе имате пристап на пазарот на ЕУ, но тие би одбрале директно на пазарот на ЕУ, да не заборавиме Романија, Бугарија, Грција, еве Словенија. Сите тие држави се веќе во ЕУ.“

Имајќи ги сите овие ограничувања предвид, на Македонија и останува еден адут. Судејќи по изјавата на министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф тоа е евтината работна сила. Тоа е понижувачки за нашите работници вели синдикалниот експерт Драге Јовановски.

„Нормално е кога ќе се намалат правата на долна граница да се нуди работникот со најниска цена на трудот. Вакви работи од страна на власта не треба да се прават, бидејќи тоа е чиста дискриминација на работниците, ако ги споредиме со работниците во ЕУ.“

Инаку, кинеските инвеститори неодамна се пожалија дека визниот режим ги одвраќа од Македонија. Македонските власти пак им нудат најевтина работна сила на Кинезите.
XS
SM
MD
LG